Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!
Ние користиме идентификатори на уреди за да ја подобриме нашата понуда. Повеќе информации можете да пронајдете во нашата корисничка политика (и во поставките.
Поради војната во Украина, германската економија но и целото општество се наоѓа пред сериозни предизвици. За да се избегне криза со тешки последици мора да се решат проблемите со недостатокот на основните суровини и да се пронајдат нови патишта на снабдување. Притоа како сериозна алтернатива се позиционира Казахстан. #dwbusiness
Русија денеска забрани изнесување на странски валути во износ повисок од 10.000 долари (околу 9000 евра) по лице. Претседателот Путин со ваквиот декрет сака да спречи излевање на капиталот од земјата. Во меѓувреме, во банките и пред банкоматите во Русија има огромни редици. Луѓето се обидуваат да стигнат до странски валути. Притоа, некои чекаат со денови и немаат успех.
Економската криза во Турција ги погаѓа особено најсиромашните. Меѓу нив се и околу 500.000 собирачи на отпад. Сега, владата сака да им го одземе изворот на приход. Ѓубреџиите во Истанбул возвраќаат.
Бојан Панчевски, Македонец кој повеќе од 15 години работи како новинар во познати светски медиуми. Актуелно тој е новинар во Вол Стрит Џрнал, живее во Берлин и е главен дописник за медиумот од Германија. Во нашата рубрика Ние во светот, Панчевски раскажува за својот животен пат и предизвиците пред него.
Германија, Канада, Кина - драматичните слики кои се последица на екстремното време доминираат во последните недели. Дали за тоа е одговорна климатската криза?
Додека многу индустрии поради пандемијата се во голема криза, други одеднаш станаа многу барани, произведувајќи така нови милијардери. Меѓу профитерите во време на корона-кризата има и Германци.
Долго време не се знаеше дали воопшто ќе се одржи или ќе биде откажан како оној во Кан. Но, Венецијанскиот филмски фестивал остана при своите планови, и покрај пандемијата: 77-то издание започнува денеска и ќе трае до 12 септември 2020 година. Но прочуената „Мостра“ воопшто не се одржува во лагунскиот град, туку на блискиот остров Лидо де Венеција- прекрасна дестинација во секој поглед.
Патничкиот авиосообраќај ја доживува можеби најголемата криза во историјата, поради пандемијата на коронавирусот. Но, еден шпански аеродром остварува профит и покрај, или подобро кажано, токму поради корона-кризата.
Со протести, ден на отворени врати и хигиенски концепт, проститутките во Германија бараат повторно отворање на борделите, кои веќе неколку месеци се затворени во рамките на рестрикциите поради пандемијата на коронавирусот. Погледнете како изгледаше нивниот неодамнешен протест во Хамбург.
Годинешната награда за слобода на говорот на ДВ им е доделена на 17 поединци од 14 земји ширум светот, кои известуваа за Ковид-19 и покрај тоа што се соочуваа со репресија...
Катастрофалниот пожар на 15 април минатата година, кој целиот свет го следеше во живо, предизвика огромни штети на париската катедрала. Обновата е сега во застој поради пандемијата на коронавирусот.
Ќе трае со недели, можеби и месеци, но кога-тогаш корона кризата ќе заврши и животот ќе се врати во нормала. На луѓето им го поставивме прашањето - на што се радуваат по укинувањето на социјалните рестрикции?
Во земјата во која има најмногу починати од Ковид-19 има премалку маски, дезинфекциски средства и респиратори. Властите се во постојана трка за нивна набавка но и во битка со луѓето и фирмите, чија криминална енергија надвладејува и во една ваква криза.
Контактот со муштериите е составен дел од работата на продавачки и пред сѐ касиерките во супермаркетите и другите продавници. Тоа претставува голем проблем во време на пандемијата на коронавирусот.
Над една милијарда луѓе во повеќе од 50 земји во светот и територии беа повикани денеска да останат во изолација, што е една од мерките во борбата против пандемијата од коронавирусот. Локален активист во Индонезија на невообичаен начин помага да се почитуваат правилата за самоизолација.
Абдала Хамдок , според суданската државна телевизија се наоѓа на „безбедно место“ откако експлозија го погоди неговиот конвој. Премиерот раководи со преодна влада по државниот удар пред една година.
Грчката полиција употреби солзавец против стотици бегалци кои се обидоа да ја преминат границата од Турција. Повеќето од нив тргнаа на пат откако Анкара објави дека ќе им дозволи да преминат во ЕУ. Турција повика на поголема поддршка од ЕУ за мигрантска криза предизвикана од граѓанската војна во Сирија.
Смртоносните борби во Куманово ја доведоа политичката криза во Македонија до точка на вриење. Опасноста- судирите во Куманово да испровоцираат меѓуетнички конфликт беше надмината благодарение на смиреноста на граѓаните
Отсекогаш сте сакале да имате замок? Сега имате шанса! Лошото е што може да завршите прилично осамени. via DW Stories
Пренатрупани бегалски кампови, хаос на границите долж Балканската рута- ова во 2015 година беше европско секојдневие. А како е сега? Колку бегалци навистина доаѓаат во Европа и што ги очекува таму?