Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!
Ние користиме идентификатори на уреди за да ја подобриме нашата понуда. Повеќе информации можете да пронајдете во нашата корисничка политика (и во поставките.
Карневалот во Германија се нарекува и петто годишно доба. Во Келн го слави цел град, луѓето одат костимирани и на работа, во супермаркет. Традиционалниот карневалски поздрав во Келн гласи: „алаф“, се делат тони колачи и безбројни бакнежи. Така е и денеска на Розенмонтаг...
Преку Вевчанскиот карневал, кој се одржува на 13 и 14 јануари, на Василица, мештаните на селото ги будат паганските обичаи и се потсетуваат на сатиричен начин на сите неубави настани кои ги потресле во текот на минатата година. Погледајте што според нив ја одбележа 2019. година.
Додека карневалот во Рајнската област во Германија го доживува својот врв, екологистите се прашуваат колку тони отпад овојпат ќе останат зад карневалистите.
Трамп крева во воздух меѓународни договори во Келн, Меркел јава на речиси мртвата коалиција во Мајнц, а во Диселдорф има возило на толеранцијата. Нема тема која креаторите на караваните не ја опфатиле.
На 28 февруари започнува уличниот карневал во Келн. Тоа значи шестдневна, постојана забава. Ви нудиме мал водич за тоа како да се облечете, каде да одите и... како да преживеете.
Во рускиот Сочи викендов се одржа ткн. „Скијачки карневал“, а главната цел беше уривањето на Гинисовиот рекорд кој веќе беше поставен на истото место пред две години. Над 1.800 оскудно облечени учесници ги покажаа своите скијачки ... и други квалитети.
На крајот на зимата, пред Велигденските пости, во малиот град Науса на грчкиот остров Парос традиционално се одржува карневал со карактеристични маски. Маските го симболизираат хеленскиот идентитет и настанале во знак на протест против османските окупатори.
„Петтото годишно доба“ се ближи кон својот врв, карневалските поворки се веќе почнати или се подготвуваат, луѓето се костимираат, излегуваат на улиците и слават... до изнемоштеност!
Маски, балови и голтачи на оган- во Италија започна најпознатиот европски карневал
Веќе 14 векови во Вевчани, во близина на Охрид се одржува карневал посветен на Св. Василиј кој се слави како заштитник на селото. Со тоа Вевчани во 1993 година стана дел од Светската федерација на карневалски градови
Карневалот во легендарниот италијански град е во полн ек со прекрасни перформанси кои се оддржуваат низ познатите канали. Секоја година карневалот привлекува илјадници маскирани учесници.
Десетици илјади танцуваа во фантастични костуми на почетокот на светски прочуениот карневал во бразилската метропола. Само еден се погрижи да биде неомилен на официјалниот старт на прославата : градоначалникот на Рио
Во карневалските упоришта во Германија започнаа централните прослави на годинешниот „бал под маски“. Келн, Диселдорф, Бон, Мајнц и други градови во Рајнската област пет дена се средиште на карневалското „лудило“
Вевчанци денеска и утре повторно ќе го прослават доаѓањето на Новата година според стариот календар со традиционалниот карневал. Дефилето започнува попладнево, а ние потсетуваме на маските од минатите години.
Уметност, култура и карневал.. Но, Келн има многу повеќе: старите зградите во градот раскажуваат за двеилјадигодишната историја, а тука се и бројните саеми, музеи и извонредниот ноќен живот.
Песна, танцување: можеше да биде толку убаво, но невремето во повеќе градови им ја помати сметката на карневалистите. Повеќе карневалски поворки беа откажани, другите беа редуцирани.
Традициите се шаренолики и опуштени, но тие се разликуваат од земја до земја: ова се карневалските традиции низ Европа.
Карневалот во Ница, кој е еден од најголемите во светот, деновиве суверено владее со Азурниот брег. Негов специфичен белег е т.н Битка со цвеќиња на која пак меѓу насобраните посетители се фрлаат тони цвеќиња.
Во рајнската област во тек се подготовките за големиот уличен карневал, кој секоја година завршува кога почнува Велигденскиот пост. Историјата вели дека карневалот и црквата се надополнувале уште во средниот век.
Во ТВ магазинот на Дојче веле на македонски на 09.02. гледајте ги следниве теми: Поранешните радикали во Србија се трансформираа во демократи; Слободата на говор во Унгарија под притисок; Карневалисти на богослужба.