Ние користиме идентификатори на уреди за да ја подобриме нашата понуда. Повеќе информации можете да пронајдете во нашата корисничка политика (и во поставките.
Економската криза во Турција ги погаѓа особено најсиромашните. Меѓу нив се и околу 500.000 собирачи на отпад. Сега, владата сака да им го одземе изворот на приход. Ѓубреџиите во Истанбул возвраќаат.
Уличното куче Божи стана редовен гостин во истанбулските автобуси, подземната железница и на траектите. Фотографиите од ова куче на кои седи во овие превозни средства и се гали со патниците станаа вирални. Тој освои многу срца и има фанови ширум светот.
Аја Софија е стара речиси 1.500 години. Поранешната црква, а подоцна џамија во моментов е музеј. Но, сега веќе ништо не стои на патот на желбата на турскиот претседател Ердоган таа повторно да биде џамија.
Илјадници луѓе ширум светот со денови демонстрираат во знак на поддршка на протестите против расизмот во САД по смртта на Џорџ Флојд во бруталната полициска интервенција на 25 мај. Погледнете како изгледаат протестите во Лондон, Берлин, Оукленд...
Неверојатен подвиг на младо момче во Истанбул. Тоа успеа да спаси од сигурна смрт мало девојче кое падна од вториот спрат на една зграда во турската метропола. Погледнете ги драматичните сцени:
Истанбул доби нов аеродром, кој го носи епитетот досега најголем во светот. Но, што значи тоа и кои се останатите за кои важат суперлативи?
На верверичка, на која предните шепи ѝ ги отсекла стапица, ортопедите од Ајдин Универзитетот во Истанбул ѝ направиле протеза со тркала, со која треба да научи да се движи пред да ѝ наместат вештачки нозе.
Во вооружен терористички напад врз гостите на еден ресторан во главниот град на Буркина Фасо, Уагадугу, ноќеска се убиени 20 лица, потврди министерот за информации Ремис Данџиноу. Меѓу убиените се и двајца напаѓачи. Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека меѓу жртвите има и еден турски државјанин. Преку 20 посетители на ресторанот „Кафе Истанбул“ во центарот на градот се ранети.
Полицијата во Истанбул интервенираше против припадници на ЛГБТИ заедницата кои се обидоа да одржат Парада во центарот на градот. Претходно, гувернерот на Истанбул, трета година едноподруго го забрани одржувањето на маршот.
Осомничениот напаѓач на клубот „Реина“ во Истанбул ја признал вината, соопшти изутринава истанбулскиот гувернер. Напаѓачот беше уапсен ноќеска. Еве дел од акцијата на турските безбедносни сили.
Оваа недела во Истанбул УНЕСКО дискутира за Списокот на светското културно и природно наследство. Локациите од целиот свет мора да бидат уникатни и од исклучителна важност. Ви претставуваме шест од аспирантите.
Десетици загинати и над 1500 уапсени по обидот за пуч во Турција. Еве како изгледа во Анкара и Истанбул изутринава и што велат дел од жителите на градот на Босфорот.
Турската полиција ги идентификуваше тројцата терористи од аеродромот „Кемал Ататурк“ како државјани на Русија, Узбекистан и Киргистан. Во нападите загинаа 43 лица, а 239 беа повредени.
Турските власти ја обвинија Исламската држава за терористичкиот напад на аеродромот во Истанбул. Ердоган повикува на меѓународна коалиција против тероризмот.
Во експлозија во центарот на Истанбул денеска утрото според медиумите се убиени десетина лица. Агенциите јавуваат за четириесетина ранети луѓе.
Дојче Веле потсетува на некои од поголемите терористички напади ширум светот во оваа 2016 година.
Полицијата во Истанбул употреби солзавец и водени топови против демонстрантите кои протестираа поради владиното преземање на весникот „Заман“. Оценка на Репортери без граници: турскиот претседател Ердоган преминува од авторитаризам кон целосен деспотизам.
Туризмот е една од најважните економски гранки на земјата. Затоа не зачудува фактот дека по бомбашкиот напад во Истанбул кружи страв меѓу туристичките работници во земјата
Сликите од минатогодишните демонстрации за паркот Гези во Истанбул денес можеби се избледени во колективната европска свест, но затоа владата во Анкара не ги заборава. Тоа сега го чувствуваат и некои фудбалски навивачи.