Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!
Ние користиме идентификатори на уреди за да ја подобриме нашата понуда. Повеќе информации можете да пронајдете во нашата корисничка политика (и во поставките.
Се соочуваме со слични проблеми, па можеме да бараме и слични решенија и да учиме едни од други, велат на крајот на своето #dw_BalkanBooster патување Јована и Енис.
Нов музеј во Драч ја носи културата до публиката. Низ игра, децата и младите учат за археолошката историја на градот. #dw_BalkanBooster
Млада дизајнерка од Албанија одлучи да започне свој бизнис - креира торби кои се спој на историјата и уметноста, затоа што на нив се насликани албански народни хероини. #dw_BalkanBooster
Двајца стоматолошки техничари во Тирана, со помош на добра пракса од Италија и САД, успеаја да им помогнат на пациентите заболени од Ковид-19. Како, погледнете во видеото на #dw_BalkanBooster од Тирана
Октомври е месец на борба против рак на дојка. Годишно ширум светот рак на дојка се дијагностицира кај околу два милиони жени. Тоа е еден од најагресивните облици на рак и ако не се открие навреме, стапката на смртност е голема. Невладината организација од Црна Гора, „Грижи се за себе“, соработува со приватни ординации за на жените да им обезбеди бесплатни или поевтини превентивни прегледи.
Улиците на босанските градови се полни со улични кучиња. Енис Османовиќ смета дека проблемот може да се реши! Тој има вдомено веќе 200!
Дали сте слушнале за концептот социјална градина? Секој кој сака да сади сопствено овошје и зеленчук, а нема земјиште, тоа може да го прави во близина на Подгорица. Погледнете како функционира оваа идеја и колку таа е успешна! #dw_BalkanBooster
Една третина од младите во Црна Гора се невработени. Заводот за вработување се обиде да најде решение за проблемот со „одлив на мозоци“ и го осмисли проектот „За твојот бизнис“, со кој се субвенционираат млади претприемачи. Александар Шестер е еден од нив. На работното место го посетија Јована Дамјановиќ и Енис Мехмети од #dw_BalkanBooster.
Јована Дамјановиќ и Енис Мехмети се новиот #dw_BalkanBooster тандем кој ќе испраќа видеа од Подгорица.