Сите се задоволни | Економија | DW | 24.09.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Сите се задоволни

Синоќа во Франкфурт заврши 62 меѓународен саем на автомобили. Еден милион посетители ги видоа најновите технолошки достигнувања на околу 1000 излагачи. Во фокусот беа еколошките автомобили.

default

По две недели саемска манифестација речиси сите производители се задоволни од постигнатите резултати. Од Цитроен, БМВ, преку Опел, до кинескиот Брилијанс:

“ Генерално за нас билансот е позитивен. Имавме многу добра посетеност на нашиот штанд

“ Сите сме среќни и задоволни од текот на манифестацијата“

“ Исто така и кај нас имаме многу добар биланс“

Надеж за подобри продажни резултати

Задоволен е и претседателот на здружението на автомобилската индустрија, Матијас Висман

“ Денес можеме да кажеме дека 62 меѓународен саем на автомобили важи за досега најуспешен во историјата на автомобилската индустрија“

Саемот привлече нешто повеќе од 975.000 посетители во последните недела и половина, или 35.000 повеќе од 2005. Автопроизводителите се задоволни, но не и секој посетител. Продажжбата на нови автомобили во Германија сеуште е забавена. Меѓутоа Висман смета дека можат да се препознаат сигнали за подобрување“

“ Секој четврт посетител што го прашавме одговори дека во наредните шест месеци планира да купи нов автомобил, што за нас секако е радосна вест“

Сепак претседателот на здружението не прогнозира кога продажните резултати во Германија ќе забележат позитивен раст.

Еко автомобилите во фокусот

Една од главните теми на саемот во Франкфурт, беше онаа за еколошките автомобили, која доби и политички карактер. Висман смета дека автоконцерните на овој план се на добар пат:

“ Ние сме прилично добри. Но сакаме како индустриски производители и испорачатели дса бидеме уште подобри во прифаќањето на предизвиците за заштита на климата и редукцијата на емисијата на штетните гасови“

Затоа Висман на крајот на саемската манифестација апелираше до политичарите да не одредат паушална граница на емисија на ЦО 2 за сите автомобили, на 120 грамови. Какви се всушност реакциите на посетителите и потенцијалните купувачи на темата заштита на климата. Производителите со различни мислења. Гунар Греве од Цитроен смета дека тоа било главната политичка тема

“ Темата екологија беше главна во првиот дел од саемот кој беше отворен за новинарите и експертите. Обичните посетители најногу се интересираа за карактеристиките на автомобилите. ЦО 2 беше релативно ретко дополнително прашање“

Спосема спротивно беше на штандот на Опел. Таму интензивно се информираа посетителите за еколошката технологија. Томас Баух од Опел вели:

“Темата беше интересна за сите. Луѓето се интересираа за инвестирање во еколошката техника која сепак треба да биде и прифатлива за џебот“