Сите обиди за атентати во Германија | Свет | DW | 21.07.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сите обиди за атентати во Германија

Преземајќи ја одговорноста за нападот врз патници во возот кај Вирцбург, кој го изврши млад Авганистанец, Исламска држава првпат дејствува во Германија . Меѓутоа не е првпат Германија да биде цел на радикални исламисти

Мај 2016.- Диселдорф

Три лица кои се осомничени за членство во терористичката организација „Исламска држава“ се уапсени во германските покраини Северна Рајна Вестфалија (СРВ), Бранденбург и Баден Виртемберг. Властите поаѓаат од тоа дека тие, заедно со четврт џихадист кој е во затвор во Франција, планирале напад на историскиот дел од градот Диселдорф. Двајца атентатори според тој план, требале да се кренат во воздух, а другите двајца со оружје и експлозив да убијат што е можно повеќе цивили.

Февруари 2016.- Берлин

Полицијата влезе во трага на можна терористичка ќелија и истовремено делуваше во Берлин, Северна Рајна Вествалија и Долна Саксонија. Четворица осомничени Алжирци наводно планирале извршување на напад во Берлин. Од полициски кругови можеше да се дознае дека, меѓутоа, биле откриени во ран стадиум на планирање.

Април 2015.- Оберурсел

Полицијата во Хесен, во местото Оберурсел, уапси брачен пар кој наводно планирал напад. Цел, како што се претпоставува, била велосипедска трка, која поради тие основани сомнежи- е откажана. Во подрумот на брачниот пар, за кој се претпоставува дека имал контакти со салафистите, истражителите пронашле бомба. Против сопругот од јануари се води судски процес под обвинение дека подготвувал тешко кривично дело против државата. Истрагата против неговата сопруга е запрена.

Декември 2012.- Бон

На главната железничка станица во Бон во една спортска торба е пронајден експлозив. Државното обвинителство поаѓа од тоа дека ова е обид за терористички напад со исламистичка позадина. Во 2013. година се уапсени четворица осомничени лица кои наводно планирале напад на шефот на десноекстремистичката група „Про НРВ“. Едно лице наводно ја депонирало бомбата во Бон. Против осомничените од септември 2014. година се води судски процес

Март 2011.- Франкфурт на Мајна

Во март 2011. година е изведен исламистички напад на аеродромот во Франкфурт. Еден Албанец од Косово уби двајца американски војници и двајца тешко повреди. Осуден е на доживотна казна затвор.

Април 2011.- Диселдорф

Истражителите во Диселдорф уапсија тројца осомничени членови на Ал Каеда кои планирале напад со експлозив во Германија. Во декември 2011. година во Бохум е уапсен четвртиот осомничен за членство во т.н. „Диселдорфска ќелија“. Четворицата мажи на крајот на 2014. година се осудени на повеќегодишна затворска казна.

Kofferbomber-Prozess

Септември 2007.- Обершледорн, Зауерланд

Уапсена е исламистичката група „Група Зауерланд“. Во 2010. година четири члена на оваа група се осудени на казна до 12 години затвор поради планирање на терористички напад на дискотеки, аеродроми и институции на САД во Германија.

Јули 2006.- Келн

На главната железничка станица во Келн двајца мажи оставија куфери со скриен експлозив во регионалните возови за Хам и Кобленц. Бомбите не експлодираа- поради технички причини. За обидот за напад во декември 2008. година следеше доживотна казна затвор.

Реклама