Сириските бунтовници преземаат гранични премини | Свет | DW | 20.07.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Сириските бунтовници преземаат гранични премини

Граничните премини меѓу Ирак и Сирија се под контрола на Слободната сириска армија, соопштија ирачки претставници. Во Советот за безбедност на ОН, ново вето од Русија и Кина за резолуцијата на САД и Велика Британија

Сириските бунтовници ja преземаа контролата врз сите гранични премини на сириско-ирачката граница, изјави ирачкiот заменик министер за внатрешни работи Аднан ал-Асади.

Ирачки граничари јавија дека виделе сириски бунтовници како преземаат граничен премин и како заробуваат полковник на сириската армија, на кој му ги отсекле рацете и нозете. Слободната сириска армија егзекутирала 22 војници од редовите на сириската армија пред очите на ирачки војници, нагласи Аднан ал-Асади.

Сириските бунтовници соопштија дека накусо успеале да преземат и граничен премин на границата кон Турција, но набрзо потоа се повлекле.

Офанзивата на бунтовниците на граничните премини започна во истовреме со офанзивата на сириската армија во главниот град Дамаск, каде владините сили се обидуваат да ги исчистат бунтовничките упоришта по самоубиствениот бомбашки напад во кој загинаа блиски соработници на претседателот Башар ал-Асад.

Во истовреме, во Советот за безбедност на ОН пропадна уште еден обид на САД и Велика Британија да издејствуваат нова резолуција со поостри санкции за режимот на Башар ал-Асад. Русија и Кина, како што и најавија претходно, ја блокираа резолуцијата со објаснување дека текстот оставал простор за воени напади врз независна држава.

Белата куќа го критикуваше ветото како исклучително непријатно и достојно за жалење.

„Русија и Кина се на погрешна страна во однос на сирискиот народ, на погрешна страна во однос на надежта за мир и стабилност во регионот“, изјави портпаролот на Белата куќа Џеј Карни. По неуспехот во Советот за безбедност, Вашингтон најави дека ќе работи надвор од тие рамки за да му се спротивстави на Асад.

Поради судирот во Советот за безбедност во прашање е доведена и иднината на набљудувачката мисија на ОН, чиј мандат истекува денеска (20.07). Во текот на денов ќе се дискутира за две спротивставени резолуции, на Велика Британија и на Пакистан, за продолжување на мандатот на набљудувачите.