Сириската влада ги зајакнува силите во источна Гута | Свет | DW | 07.03.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сириската влада ги зајакнува силите во источна Гута

Сириската влада, без оглед на барањето на ОН за примирје, очигледно ги јакне напорите за освојување на регионот источна Гута.

Сириската влада, како што тврдат набљудувачи, ги засилува своите трупи во  борбите за освојување на бунтовничкото упориште источна Гута, во близина на главниот град Дамаск. Најмалку 700 борци на милиции блиски до владата пристигнале на фронтот, јавува опозициската Сириска опсерваторија за човекови права. „Режимот се подготвува за продолжување на неговата офанзива и се надева на освојување нови територии“, изјави раководителот на Сириската опсерваторија за човекови права, Рами Абдел Раман за новинската агенција ДПА.

Во минатите денови владините трупи и борците кои ги поддржуваат освоиле веќе 45 проценти од источна Гута, по претходно изведените воздушни напади. Регионот под контрола на исламистички групи е последниот бастион на бунтовниците во близината на престолнината и во него се наоѓаат околу 400. 000 луѓе. Нивната состојба е загрижувачка, истакна генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во Њујорк, инстистирајќи на итно отворање на хуманитарни коридори и безбеден и непречен пристап за натамошни конвои кои ќе лиферуваат храна и лекови за илјадниците луѓе кои се во очајна ситуација.

Konflikt in Syrien, UN-Hilfe erreicht Ost-Ghuta (picture-alliance/dpa/A.Safarjalani/Xinhua)

Итно потребната помош бавно пристигнува во источна Гута

Првиот конвој со прехранбени продукти и медицинска помош за околу 30.000 луѓе пристигна во Дамаск во понеделникот, но поради непрестанатите престрелки беа растоварени само 32 од 46 камиони. Освен тоа, сириските власти претходно заплениле дел од медицинската помош.

Повеќе за темата: 

Ужасот во Источна Гута

Советот за безбедност на ОН, поради итноста на ситуацијата, денеска одржува вонредна седница за источна Гута и консеквенциите по неуспешниот договорен 30-дневен прекин на огнот. Советот на 24 февруари, по долги советувања и со согласност на Русија, усвои резолуција за 30-дневно општо примирје заради овозможување на лиферување хуманитарна помош во загрозениот регион и згрижување на ранетите. 

Русија минатата недела објави секојдневен молк на оружјето во источна Гута од повеќе часови, но тоа беше само делумно почитувано. Москва најави дека сега ќе обезбеди и коридор за повлекување на борците и нивните семејства.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид

 

 

DW.COM