Симовски очекува до утре да се попишат милион граѓани | Северна Македонија | DW | 17.09.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Симовски очекува до утре да се попишат милион граѓани

Невладини организации алармираат дека се врши притисок врз Роми во Струмица и во Велес.

Првиот човек на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски денеска оцени дека нема проблеми во процесот на попишување и сѐ се одвива со посакуваниот интензитет. При посетата на Дебар, тој рече дека до утре очекува да се попишат милион граѓани. Пописот ќе трае до 30 септември.

Бројот на оние кои одбиваат е незначителен, а по разговорите, кај нив повеќе нема двоумење, се попишуваат. Оние кои повикуваат на бојкот, главно преку социјалнте мрежи не ѝ мислат добро на државата. Повторувам дека пописот е статистичка, а не политичка операција“, вели Симовски.

Дневно во работни денови, просекот на попишување е околу 100.000 лица. Поголема бројка на попишани, според Симовски, има за време на викендите. 

До синоќа вкупно биле попишани 800 008 лица, како и 249.500 домаќинства и 336.109 станови. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193 168 лица.

Во истовреме движењето Аваја алармираше дека во населбата Транзит во Струмица индивидуални групи припадници на турската заедница заедно со попишувачи вршат манипулации и притисоци врз ромската заедница. Целта на овие активности на индивидуалните групи е припадниците на ромската заедница да бидат попишани како Турци на пописот, сметаат од Аваја. Според нив, ова е втор случај откако пред два дена во Велес попишувач навел дека не може да го најде делот наменет за религија, јазик и етничка припадност во пописниот прашалник по што пописот на лицето завршило без да биде попишано како Ром. 

Активистката од ова движење, Марија Сулејманова, во телевизиско гостување најави дека Државниот завод за статистика ќе преземе мерки против попишувачот во Велес.