Силниот земјотрес го парализираше североистокот на Јапонија | Свет | DW | 20.03.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Силниот земјотрес го парализираше североистокот на Јапонија

Земјотресот со епицентар пред брегот недалеку од хаварисаниот реактор во Фукушима доведе до прекини на електричната енергија и на железничкиот сообраќај. Потресот предизвикал и цунами во висина од еден метар.

Земјотрес со магнитуда од 7,2 степени ја погоди денеска североисточна Јапонија, а издадено е и предупредување за цунами. 

Земјотресот ја погодил префектурата Мијаги, која во 2011 година претрпе големи разорувања од цунамито кое следеше по силниот земјотрес.

Јапонските медиуми јавија дека висината на цунамито предизвикано од денешниот потрес достигнува еден метар, а граѓаните во погодената област се предупредени да го избегнуваат крајбрежјето. Силниот земјотрес парализираше делови од јавниот живот во регионот.

Гледај видео 01:16

Тежок земјотрес во Фукушима

Повеќе:

-Десет години по нуклеарната катастрофа во Фукушима

-Тежок земјотрес во Фукушима, без големи штети

-Фукушима: Во зоната на смртта

Електрокомпанијата Тохоку ја запре работата на нуклеарната централа Онагава, и соопшти дека се контролира и во каква состојба е и нуклеарната централа Фукушима, која настрада во земјотресот во 2011 година.

Земјотресот се почувстувал и во Токио, кој е одалечен 400 километри.

Околу 200 куќи во овој дел на Јапонија останаа без електрична енергија. Досега нема извештаи за материјални штети и жртви во потресот.

Денешниот земјотрес се случи кратко откако земјата одбележа десет години од смртоносниот земјотрес со јачина од 9 степени според Рихтеровата скала, кој ја погоди областа Мијаги.

Пред една деценија се случи тројна катастрофа откако земјотресот, еден од најсилните досега регистрирани, предизвика цунами што доведе до катастрофа во нуклеарната централа Фукушима.

Минатиот месец, уште еден земјотрес го погоди регионот, при што беа повредени неколку десетици луѓе.

 Јапонија се наоѓа во пацифичкиот „огнен појас“, област во Тихиот океан што се карактеризира со силна сеизмичка активност. Прописите за градба во Јапонија предвидуваат зградите да бидат изградени за да можат да ги издржат честите земјотреси.