Силен земјотрес во Турција | Свет | DW | 30.10.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Силен земјотрес во Турција

Тежок земјотрес денеска ја погоди западна Турција. Има повеќе урнати објекти во Измир. Турскиот министер за екологија зборува за затрупани луѓе.

Американската агенција за геолошки истражувања (УСГС) јави дека земјотресот имал јачина од 7 степени, а неговиот епицентар бил во Егејот, пред Сеферихисар, во турската провинција Измир. Агенцијата Анадолу јави дека земјотресот се случил во 14:51 часот по локално време.

Турските медиуми известуваат дека има повеќе оштетени објекти во Измир, а телевизијата ТРТ прикажа снимки од урнати згради во градот и облаци прашина над градот, и извести за паника на улиците во текот на потресот. Гувернерот на Измир во интервју за ТРТ изјави дека досега не може да се дадат точни информации за жртви и штети. Турскиот министер за екологија, Мурат Курум, за ТРТ рече дека расчистувањето на урнатините е во тек и дека досега од под урнатините биле спасени четири лица.

Türkei Izmir | Erdbeben Stärke 6,6 erschüttert Ägäis-Küste

Од под урнатините досега се спасени четири лица, извести турскиот министер за екологија Мурат Курум

Потресот се почувствувал и во Грција. Особено е погоден островот Самос, каде, според медиумски извештаи, има оштетени објекти. Се јавува и дека во малото гратче Вати имало цунами, а цунами имало и во турскиот град Сеферихисар. Експерти во интервју за ТРТ предупредија од опасност од нов цунами. 

 

Реклама