Сигнал од Кемниц против омразата кон странците | Свет | DW | 04.09.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Сигнал од Кемниц против омразата кон странците

Десетици илјади луѓе присуствуваа на концертот во Кемниц, со кој беше даден силен сигнал против ксенофобијата и беа осудени нацистичките пароли. Настапија повеќе музички групи.

Во центарот на Кемниц синоќа (03.09.2018) вечерта на концерт се собраа околу 65.000 луѓе под мотото „Ние сме побројни“, за да испратат порака против омразата кон странците и насилството. Познати германски музичари и музички групи го организираа бесплатниот концерт по безредијата во градот од минатите денови, предизвикани од десничарски екстремисти и популисти. Концертот почна со минута молк за 35-годишен Даниел К., убиен минатата недела со нож во Кемниц. Инцидентот беше повод во источногерманскиот град да бидат организирани демонстрации на десничарски групи, а се случија и повеќе напади врз странци. Двајца мажи, еден од Сирија и еден од Ирак се во истражен затвор поради убиството.

Во повикот за концертот, иницијаторите повикаа посебно на солидарност со нападнатите странци и се заложија против инструментализација на убиството од страна на десничарски сили. Целата манифестација синоќа помина без инциденти. Во следното видео пренесуваме дел од атмосферата:

Гледај видео 01:36

Концерт против насилство и расизам во Кемниц

 

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама