СЗО: Пандемијата може да се контролира | Свет | DW | 02.02.2021

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

СЗО: Пандемијата може да се контролира

Глобалното намалување на бројот на нови случаи на Ковид-19 укажува дека вирусот може да се контролира без оглед на неговите мутации, посочи генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејесус.

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека бројот на нови случаи на коронавирусот на глобално ниво се намалува трета недела по ред.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, оцени дека новиот тренд покажува дека е можно да се контролира вирусот, иако се појавуваат нови видови, со примена на мерки како физичко дистанцирање, покривање на лицето и одржување на хигиената.

Сепак, Тедрос истакна дека светот веќе беше во слична ситуација и посочи дека не е време за опуштање.

„Во текот на изминатата година, имаше моменти кога во речиси сите земји  бројот на регистрирани случаи се намалуваше. Мерките на претпазливост беа релаксирани, а потоа вирусот  продолжуваше да беснее", потсети Тедрос.

Повеќе:

-Катастрофален морален неуспех: Само 25 ковид-вакцини за сиромашните земји

-Бајката за рамномерна распределба на корона-вакцините

-Поради ширење на мутираниот коронавирус – итна седница на СЗО

Тој истакна дека во момент кога се врши вакцинација на глобално ниво, потребно е да се применат мерки на претпазливост кои придонесуваат за безбедноста на луѓето,

„Контролирањето на ширењето на вирусот придонесува за спасување животи и ги намалува шансите за појава на нови соеви. Исто така, помага за поефикасно дејство на вакцините", рече тој.