СЗО: Кризата со коронавирусот ќе станува полоша и полоша | Свет | DW | 13.07.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

СЗО: Кризата со коронавирусот ќе станува полоша и полоша

Пандемијата на коронавирусот има потенцијал да станува се потешка доколку сите држави не почнат да ги почитуваат основните здравствени препораки и мерки, предупреди денеска Светската здравствена организација.

„Дозволете да бидам директен, премногу држави се движат во погрешна насока, а вирусот останува јавен непријател број 1“, изјави директорот на СЗО Тедрос Гебрејесус на денешниот виртуелен брифинг.

„Доколку не се почитуваат основните работи, единствениот начин на кој ќе се движи пандемијата е од лошо кон полошо. Но не мора да биде така“, вели Тедрос.

Бројот на инфекции ширум светот достигна 13 милиони луѓе во понеделникот, со раст од еден милион новозаразени во само пет дена. Досега, повеќе од половина милион луѓе ширум светот починаа како резултат на заразата.

Гледај видео 01:47

Држи дистанца!

DW.COM

Реклама