1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Berlin, Deutschland | Jakob Maske | Coronavirus - Impfung beim Kinder- und Jugendarzt
Фотографија: Fabian Sommer/dpa/picture alliance
Здравје

СЗО бара стоп за вакцинацијата со трета доза

СН/агенции
5 август 2021

Побогатите земји засега треба да се откажат од т.н. засилувачки вакцини. Според СЗО ова е чин на солидарност со посиромашните земји каде досега се вакцинирани премалку луѓе. Белата куќа веднаш го отфрли повикот.

https://p.dw.com/p/3yZEE

САД го отфрлија повикот на Светската здравствена организација (СЗО) за воведување мораториум за давање трета доза од вакцината против коронавирусот наведувајќи дека во прашање е „лажен избор“.

Директорот на СЗО, Тедрос Гебрејесус, повика да се запре со давањето на трета доза од вакцината против коронавирусот барем до крајот на септември, поради зајакнување на глобалната еднаквост и да се овозможи да се вакцинира барем 10 отсто од населението во секоја земја.

„За да се случи тоа, потребна нѝ е соработка со сите, особено неколку земји и компании кои го контролираат глобалното снабдување со вакцини“, рече тој во Женева.

Повеќе:

-Германија: Трета доза и вакцинирање на деца над 12-годишна возраст

-Филипче: Можна е препорака за трета доза од вакцините

-Израел: Почна вакцинирањето со трета доза

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, рече оти администрацијата на Џо Бајден, верува дека може да дели дополнителни дози ако препорачаат домашните здравствени власти, додека продолжуваат напорите за дистрибуција на вакцини во целиот свет.

„Веруваме дека можеме да ги направиме двете работи, и не мораме да избираме“, рече таа и додаде дека САД имаат доволно залихи за да бидат сигурни ако американската Управа за храна и лекови препорача дополнителни дози за дел од населението, да ги обезбеди и нив.

Вакцините од компаниите Фајзер/Бионтек, Модерна и Џонсон и Џонсон во моментов се дистрибуираат во САД со одобрување за итна употреба, а од Центарот за контрола и превенција на болести на крајот на јули наведоа оти според досегашните овластувања не можат да препорачаат дополнителни дози, но изразија поддршка за тоа за лицата кои се имунокомпромитирани.

САД вчера објави дека дистрибуирале над 110 милиони дози вакцини во над 60 земји во светот, наведувајќи оти според податоците на ОН тоа се повеќе донации од сите други земји заедно.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Главниот град на Албанија, во вторник (06.12.2022) ќе биде домаќин на самитот ЕУ-Западен Балкан

Самит кој не смее да се пропушти

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница