Се‘ уште гори на Галичица | Вести | DW | 26.08.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Се‘ уште гори на Галичица

*

Пожарот што изби во македонскиот национален парк Галичица се уште не е изгаснат, а ноќеска добил на интензитет кон југоисточниот дел на планината, соопшти денеска Кризниот штаб. Нема опасност за околните села Велгошти, Велестово и Рамне. Кризниот штаб вели дека има информации оти пожарот е подметнат, најверојатно од дрвокрадци. Во пожарите што пред еден месец ја зафатија Македонија изгореа околу 5000 хектари шума.