Се судрија американска подморница и воен брод | Свет | DW | 14.10.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Се судрија американска подморница и воен брод

Во судирот нема повредени, а предизвикана е помала материјална штета. Американската морнарица, како што соопшти Пентагон, ги истражува причините за судирот.

Нуклеарната подморница на американската морнарица „Монпелје“ и воениот брод „ Сан Хасинто“ се судриле вчера за време на рутинска обука, во близина на американскиот атлантски брег.

Пентагон синоќа соопшти дека ги истражува причините за судирот меѓу нуклеарната подморница и носачот на ракети од класата „Иџис“, пренесоа американските медиуми.

Во соооштението на командата на военопоморските сили на САД се наведува дека подморницата „Монпелје“ и носачот на ракети „Сан Хасинто“ се судриле во 15,30 часот по локално време, без да се посочи местото на инцидентот.

Нема повредени морнари во судирот.

„Уште не се знае какви се оштетувањата на двата пловни објекти, но нуклеарната инсталација на подморницата е неоштетена, изјави портпаролот на командата Брајан Бадура.