Се стравува за над 300 загинати во потресот во Италија | Свет | DW | 25.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Се стравува за над 300 загинати во потресот во Италија

По силниот земјотрес во средата во Италија кој до темел разурна најмалку три места, спасувачките екипи и натаму неуморно трагаат по преживеани под урнатините. Црниот биланс од потресот не е конечен.

Во подрачјата погодени од катастрофалниот земјотрес кој ја зафати централна Италија во тек се непрестани спасувачките операции. Бројот на жртвите постојано се зголемува. Иако властите го коригираа официјалниот број на загинати од 247 на 241, во Италија се стравува дека со оглед на бројот на исчезнатите лица кој изнесува преку 100, црниот биланс на катастрофата би можел да биде поголем. Земјотресот во централна Италија би можел да биде уште посмртосносен и од оној во Л'Аквила пред шест години во кој загинаа 309 луѓе. Првиот човек нја италијанската служба за цивилна заштита Фабрицио Чучио истакна дека во потресот од 6,2 степени според Рихтеровата скала кој ги погоди регионите Умбрија, Лацио и Марки, и по кој следуваа уште преку 400 помали потреси би можело да има повеќе од 300 загинати. „Ова може да биде полошо од „Л'Аквила“ изјави Чурчио.

Гледај видео 01:50
Now live
01:50 минути

Катастрофата во Италија снимена од воздух

Инаку денеска регионот беше потресен од афтершок со магнитуда од 4,3, кој предизвика уште поголема штета во градовите речиси разурнати ден претходно.

Во местото Аматриче по овој потрес насекаде можеше да се видат столбови од чад и повторно избувна паника меѓу населението.

Пожарникарите и останатите спасувачи се обврзаа дека ќе продолжат да работат сѐ додека не бидат сигурни дека нема никого под урнатините. „Сѐ уште сме во фаза кога е можно да се најдат преживеани“, изјави портпаролот на службата за цивилна заштита Лука Кари, додавајќи дека по еднакво катастрофалниот земјотрес во Л'Аквила жив човек е пронајден под урнатините 72 часа по потресот. Впрочем пожарникарите веќе успеаја да извлечат 10-годишно девојче кое минало 17 часа под урнатините.

Гледај видео 00:55
Now live
00:55 минути

10-годишно девојче извлечено живо од под урнатините

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама