Се повеќе докази дека и здрави луѓе го пренесуваат коронавирусот | Свет | DW | 02.04.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Се повеќе докази дека и здрави луѓе го пренесуваат коронавирусот

Научниците наоѓаат се повеќе показатели дека луѓе без никакви симптоми се преносители на Ковид-19. Тоа дополнително ги комплицира напорите за ограничување на пандемијата, но и за заштита на граѓаните.

Научниците пронаоѓаат се повеќе докази дека коронавирусот се шири од страна на, навидум, здрави луѓе кои не покажуваат симптоми, а владата на САД објави ново упатство со предупредување дека секој кој бил изложен на болеста може да се смета за преносител.
Студија на научници од Сингапур е последната која проценува дека некаде околу 10% од новите инфекции би можеле да се предизвикани од луѓе кои го носат вирусот, но се уште не доживеале грипни симптоми.
Во одговор на таа и други студии, американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ја смени дефиницијата за ризикот од инфекција. Новите упатства сега се однесуваат на луѓе кои немаат симптоми но биле изложени или во контакт со други луѓе кои го имале или се сомнителни на коронавирусот. Во суштина се вели дека секој може да биде преносител, без разлика дали има симптоми или не.
Зараза од исто столче

Откритијата ги комплицираат напорите да се стави под контрола пандемијата и да се засили важноста на социјалното дистанцирање и другите мерки кои треба да го спречат ширењето, велат научниците.

„Треба да бидете навистина проактивни за намалување на контактите меѓу луѓе кои делуваат целосно здрави“, вели Лорин Ансел Мајерс, истражувач на коронавирусот од Универзитетот во Тексас.

Infografik Europa Corona Maßnahmen EN

Мерки за социјална изолација според земји.

Последното објавено истражување се фокусира на 243 случаи на заразени од коронавирус во Сингапур од средината на јануари до средината на март, вклучително и 157 инфекции меѓу луѓе кои не патувале во последниот период. Научниците откриваат дека ткн. пред-симптоматски лица предизвикале инфекција во седум различни кластери на болеста, што е 6% од локалните случаи.
Еден случај бил особено симптоматичен. Инфекцијата на 52-годишна жена била поврзана со седењето на столче во црква на кое претходно седеле двајца туристи кои во моментот немале симптоми, но подоцна се разболеле. Тоа го открил прегледот на снимките од камерите во црквата. 

- Една четвртина од заразените со Ковид-19 во Македонија немаат симптоми

Претходна студија во Кина открива дека повеќе од 10% од случаите на пренесување биле од луѓе кои биле инфицирани, но не чувствувале симптоми.

Навидум здравите луѓе кои можат да го пренесат вирусот се сместуваат во три категории:

- Пред- симптоматични, оние кои немаат симптоми кога го шират вирусот но се разболуваат неколку дена подоцна;

- Асимптоматични, луѓе кои никогаш не развиваат симптоми;

- Пост-симптоматични, луѓе кои се разболуваат и оздравуваат, но остануваат заразни.

Студиите во Кина и Сингапур се фокусирале на пред-симптоматичните инфекции. Останува нејасно колку нови инфекции се предизвикани од различните типови на потенцијалните пренесувачи, вели Мајерс. Во американскиот Центар се истражуваат асимптоматичните и пред-симптоматичните инфекции, но студиите се уште не се целосни.

Сите да носат маска

Во интервју во вторникот, директорот на ЦДЦ, Роберт Редфилд процени дека 25% од инфицираните луѓе би можеле да бидат асимптоматични. Остана нејасно на што се базира таа проценка.

Од таа причина, во САД засилено се размислува да се препорача сите да носат заштитна маска околу устата и носот. Покривањето на устата и носот со маска или со шал „нема да ве заштити, но доколку сте носител на болеста, ќе го намали количеството кое вие го пренесувате“, вели Карл Бергстром, биолог од Универзитетот Вашингтон.

Во првите месеци на пандемијата, здравствените власти ги базираа своите препораки на верувањето дека ширењето се случува од луѓе кои киваат или кашлаат и притоа исфрлаат капки кои го содржат вирусот.

Еден друг коронавирус, САРС, кој беше идентификуван во Азија во 2003 и предизвика застрашувачка, но краткотрајна епидемија, но никогаш не се рашири на нивото на актуелниот Ковид-19. Иако и во тој случај беа откриени некои асимптоматични инфекции, ниту една не го ширеше вирусот. Со оглед на тоа што преносители на вирусот беа луѓе со симптоми, здравствените власти можеа да се фокусираат само на нив и можеа подобро да ги изолираат заболените луѓе и да го спречат ширењето.

„Тоа беше многу, многу полесно да се ограничи“, вели Бергстром. Кај новиот вирус, додава тој, „имаме и асимптоматични и пред-симптоматични трансмисии“.

 

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама