Се крчкаат законски измени - државата ќе ги менаџира цените на приватните клиники | Северна Македонија | DW | 12.04.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Се крчкаат законски измени - државата ќе ги менаџира цените на приватните клиники

Повеќе од една година од почетокот на пандемијата, се најавуваат измени во законот за здравствена заштита, со што државата ќе може да интервенира во цените за лекување.

По многубројните апели и реакции на граѓаните, државата одлучи да ги ограничи цените кои што ги наплаќаат приватните болници за лекување на пациентите од коронавирус. Повеќе од една година од почетокот на пандемијата, надлежните најавуваат измени во законот за здравствена заштита, со што државата ќе може да интервенира во цените за лекување.

Министерството за здравство утре ќе ги поднесе предлог измените во законот до Владата, со што цените за лекување на приватно ќе бидат ограничени се додека државата е во кризна или вонредна состојба. „Го слушнавме апелот на граѓаните, сепак е криза, има потреба да се користи тој болнички капацитет и во таа смисла веќе утре на Владата ќе и поднесеме предлог измена на Законот за здравствена заштита“, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

-повеќе на темата: Кризна состојба: Владата станува менаџер и на приватните болници

Минатата недела приватната болница „Жан Митрев“ соопшти дека одлучила да ги намали цените за лекување ковид-пациенти за 10 отсто, додека од „Систина“ биле на став дека таквиот потег им е економски неисплатлив.

Досега пациентите плаќаа 12 000 евра, по што од Жан Митрев најавија дека за пациенти што ќе се лекуваат со полуинтензивна нега, лекување во траење до 10 дена ќе чини 6 000 евра. За пациентите на кои им е потребно интензивно лекување, односно се преземени во сериозна здравствена состојба од други институции каде што биле претходно хоспитализирани, цената за максимум 10-дневно лекување ќе изнесува 8 000 евра. 

Корекцијата на цените доаѓа откако неодамна и претседателотСтево Пендаровски, по седницата на Советот за безбедност, упатиапел до приватните болници да ги намалат цените за лекување на Ковид-пациентите и им порача дека никој не треба да ги искористува личните трагедии за профит.

Доаѓаат кинеските вакцини

Според податоците на Министерството за здравство денеска се регистрирани 193 нови случаи на Ковид-19, додека 34 лица ја загубија битката со вирусот. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 49 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 726 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Филипче вели дека за време на викендот имало намалување на бројот на новопримени пациенти во сите болнички установи во Скопје и ширум државата споредено со крајот на минатата недела. „Верувам дека трендот ќе продолжи, но ние сме се уште внимателни и будно ја следиме ситуацијата“, вели Филипче.

-повеќе на темата: Стоп за „АстраЗенека“ за помладите од 60 години, наскоро нова терапија за Ковид

Во меѓувреме продолжува на приоритентните групи, а веќе од среда продолжума вакцинацијата според возрасната група. Денеска се вакцинираше и првата група новинари над 40 години и со хронични болести.

„Останатиот дел од 20.000 вакцини ’Спутник’ ќе бидат распределени по возрасни групи онака, како што сега се одвива вакцинацијата од почеток со  вакцината на ’АстраЗенека’ по вакциналните пунктови. Од среда вакцинацијата ширум државата продолжува со возрасните категории граѓани, како ќе доаѓаат понатаму вакцини ќе се надополнуваат двата системи - приоритетно за постарите граѓани и продолжување на делот на критичната инфраструктура“ , вели министерот за здравство.

Пратка од 2 000 кинески вакцини се очекува да пристигне во земјата. Станува збор за донација од Обединетите Арапски Емирати, договорени во февруари и се првите вакцини од кинески производител што ќе пристигнат во Северна Македонија.