Се заканува ли сега курдски егзодус од Турција? | Свет | DW | 16.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Се заканува ли сега курдски егзодус од Турција?

Турската влада го користи времето по обидот за воен преврат и остро се справува со сите нејзини политички противници. Курдската заедница во Германија предупредува од масовно бегство на Курдите од Турција

Обвинителите во Истанбул побараа петгодишна затворска казна за Селахатин Демирташ. 43-годишниот поранешен адвокат за човекови права и копретседател на Народната Демократска Партија (ХДП), која се залага за правата на Курдите и на другите малцинства е под обвинение за терористичка пропаганда, која наводно, имала врска со Абдула Оџалан, затворениот лидер на Курдската работничка партија (ПКК). Турција, САД и ЕУ ја класифицираат ПКК како терористичка организација.

„Повторно постои ризик од конфликт помеѓу безбедносните сили и ПКК“, вели за Дојче веле Али Топрак, претседател на курдската заедница во Германија, истакнувајќи дека ПКК повторно се заканила со напади доколку Оџалан не биде пуштен на слобода. Според Топрак ваквата ескалација би можела да има последици и за Германија односно да принуди голем број Курди од Турција да бегаат во Германија: „ Ако ситуацијата не се подобри, ако има граѓанска војна, може да има масовен егзодус од Турција во Европа.“

Ali Toprak

Али Топрак

Долготрајниот конфликт во курдските региони во Турција привремено падна во сенка по обидот за државен удар на 15. јули годинава. Но сепак тој и натаму татне. ПКК првпат се крена на оружје против турската влада пред повеќе од 30 години, а борбите досега доведоа до повеќе од 40.000 загинати. Ниту ПКК ниту пак турската влада не покажаа никакви знаци на помирливост откако во минатата година престана да важи неколкугодишниот прекин на огнот. Курдите во источниот дел на Турција, каде всушност живеат повеќето од нив, се соочуваат со вонредна состојба, вели Топрак. „Цели градови и региони се разурнати“, додава тој. „ Во Турција има 500.000 внатрешно раселени Курди.“

Турската влада со опсежните и жестоки мерки за справување со ситуацијата по обидот за државен удар само ја влоши ситуацијата. „Ние го увидовме ризикот од нова бегалска криза во Турција пред неколку месеци“, рече Топрак. „Никој не сакаше да нѐ слушне. Сега, не се само Курдите тие што бараат начин да се извлечат- туку и многу демократи и опозиционери.“, истакнува претставникот на курдската заедница во Германија.

„Само почеток“

До крајот на јуни годинава , Германската сојузна служба за миграција и бегалци (БАМФ) добила 1.719 барања за азил од граѓани на Турција, повеќето од нив се Курди. Уште 275 луѓе аплицирале за азил во јули, во месецот на неуспешниот државен удар. Според БАМФ тоа се бројки споредливи со оние во претходната година. како натаму ќе се развива ситуацијата со баратели на азил од Турција во агенцијата не можат да проценат.

„Според мене, ова е само почеток“, истакнува Топрак. Обвинувањата против Демирташ, за курдската заедница во Германија воопшто не се изненадување. Тоа, според Топрак е само продолжение на острите постапки на турската влада против курдските и политичарите кои симпатизираат со Курдите. Во мај, владата во Анкара донесе одлука за укинување на пратеничкиот имунитет на повеќе од една третина од парламентарците. Како втора по големина опозициска партија, про-курдската ХДП беше најсилно погодена.

DW.COM

Реклама