Сеќавање на жртвите од атомската бомба во Нагасаки | Свет | DW | 09.08.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Сеќавање на жртвите од атомската бомба во Нагасаки

На 67-годишнината од американскиот напад со атомска бомба врз Нагасаки, жителите им оддадоа почит на 74 илјади загинати. Градоначалникот побара прекин на користењето атомска енергија.

Градоначалникот на јапонската метропола Нагасаки Тимихиса Тауде денеска ја предводеше церемонијата на одбележувањето од 67-годишнината од разурнувањето на градот со американската атомска бомба, заземајќи се Јапонија да стане земја којашто веќе нема да стравува од радијацијата.

Во американското атомско бомбардирање на Нагасаки од 1945 година и следните години како последица од радијацијата загинаа повеќе 74 илјади луѓе.

„Дури и во воени времиња некои акции се недозволиви“, изјави градоначалникот Томихиса Тауде споменувајќи ги во говорот јапонските граѓани кои беа тешко погодени од катастрофата на нуклеарната централа Фукушима предизвикана од катастрофалниот земјотрес и гигантското цунами во март 2011 година.

Тауде ја повика јапонската влада да дефинира нова енергетска политика, за да се изгради општество коешто нема повеќе да стравува од радиоактивноста.

Japan Atombombe Nagasaki

Дел од историјата-архивска фотографија од бомбардирањето на Нагасаки

Комеморацијата за жртвите се одржа на местото каде што експлодирала бомбата наречена „Фет Мен“, три дена по експлозијата на првата американска атомска бомба фрлена врз југозападниот јапонски град Хирошима. која што предизвика смрт на 140 илјади луѓе и ја забрза капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна.

На церемонијата за жртвите во два јапонски града првпат учествуваше и

семејството на американскиот претседател Хари Труман, кој ја донесе одлуката за употреба на првите атомски бомби во историјата. Педесет и петгодишниот Клифтон Труман Даниел, внук на претседателот Труман во Токио се сретна со лицата коишто ги преживеале двете бомбардирања.

Јапонскиот премиер Јошико Нода побара уништување на атомското оружје и повика да се удвојат напорите за сеќавањето на овие две драми да не биде избришано, имајќи ја предвид возраста на преживеаните.