Серија експлозии и повеќе од 60 загинати денеска во Ирак | Теми на денот | DW | 30.09.2004
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Серија експлозии и повеќе од 60 загинати денеска во Ирак

Во тешки напади со 6 автомобили-бомби, од кои 4 во Багдад, денеска во Ирак се убиени повеќе од 60 лица, најголемиот дел од нив деца. Грабнати се 10 цивили.

Експлозии на автомобили-бомби се секојдневие во Ирак

Експлозии на автомобили-бомби се секојдневие во Ирак

Напладне во западниот дел на Багдад, според информации од американската армија, три автомобили-бомби експлодирале кога проаѓал конвој од американски возила. Притоа, како што јави арапската телевизија Ал Џазира, имало повеќе од 40 загинати – 34 од нив деца, а бројот на ранети надмина 200. Има и десетмина ранети американски војници.

При самоубиствен напад со автомобил-бомба пред полициска станица во близина на затворот Абу Граиб изутрината биле убиени 10-мина Ирачани, меѓу нив и двајца полицајци. Во нападот загинаа и 5-мина американски војници. Попладнето во тој регион дојде и до престрелки меѓу востаниците и американската војска, која била поддржана и од ирачката гарда.

Двајца ирачки полицајци попладнето го загубија животот кога на пат јужно од Багдад експлодира бомба покрај полициски конвој.

Автомобил-бомба експлодира и пред џамија во едно место во близина на градот Мосул на северот на Ирак. Тука, според Ал Џазира, имало најмалку 4-ца убиени и 26 ранети Ирачани.

Востаниците денеска пукаа врз магацин на американската војска кај Багдад и убија еден војник.

Американското воено воздухопловство рано изутрината изврши напад врз објект, за кој армијата тврди дека било скривалиште на терористичката група на Јорданецот Абу Мусаб ал Заркауи. Според наводи од болницата, убиени биле три лица.

Покрај бомбите, денеска е забележан и нов бран на киднапирања. Екстремистичката група “Исламска армија во Ирак”, за која се верува дека ги држи и двајцата француски новинари, во една видео-снимка, од која делови беа емитувани преку Ал Џазира, објави дека земала како заложници шестмина Ирачани, двајца Либанци и две Индонезијки – сите соработници на некоја електро-фирма. Грабнувачите не наведоа ни причина за киднапирањето, ниту пак поставија некакви барања за ослободување на заложниците. Во меѓувреме бил ослободен друг грабнат Либанец.

Поврзана содржина