Сепаратистите во источна Украина прогласија држава | Свет | DW | 18.07.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Сепаратистите во источна Украина прогласија држава

Про-руските сепаратисти во источна Украина денеска прогласија формирање на нова држава наречена Малоросија или во превод „Мала Русија“. Главен град на самопрогласената држава е Доњецк.

„Владата во Украина докажа дека е неуспешна држава“, наведуваат сепаратистите во декларацијата пренесена од ним блиската новинска агенција Доњецк.

Украина „демонстрираше актуелна и идна неспособност да им обезбеди мир и напредок на своите жители“, се наведува во декларацијата.

Украинскиот претседател Петро Порошенко одговори на веста со ветување дека ќе го врати суверенитетот на Украина во бунтовничките области.

„Проектот 'Новорусија' е закопан“, рекол Порошенко, според неговиот портпарол Свјатослав Цеголко.

Новопрогламираната држава, која тешко ќе заживее, треба да биде формирана по референдум, а името е преземено од стариот термин користен во царска Русија за Украина.

Според објавениот документ на бунтовниците, презентиран од нивниот лидер Александр Закарченко, главен град на новата држава ќе биде Доњецк, а во иднина Киев ќе има статус на „историски и културен центар“.

Münchner Sicherheitskonferenz (Reuters/M. Dalder)

Украинскиот претседател Петро Порошенко

Засега не е јасно зошто бунтовниците одлучија сега да излезат со планот, но претпоставките се дека се работи за потег насочен кон зајакнување на нивната позиција во блокираниот мировен процес.

Во конфликтот кој избувна во источна Украина, откако беше симнат од функцијата прорускиот претседател Виктор Јанукович во 2014 година, загинаа повеќе од 10 илјади луѓе. Мировниот план постигнат со посредништво на Русија, Франција и Германија во 2015 година, досега се покажа неуспешен, а судирите со помал интензитет постојано траат во пограничните области.

Последниот чекор на бунтовниците би можел целосно да стави мировниот договор ад-акта. Јазикот кој во декларацијата го користат бунтовниците е многу сличен на оној од Москва во првите денови од конфликтот кога Кремљ го користеше терминот „Новоросија“ за територијата на Украина.

Русија досега официјално негираше било каква улога во конфликтот, иако им дава експлицитна политичка поддршка на бунтовниците, а нејзините трупи се распоредени на границата кон Украина.

 

DW.COM

Реклама