Сепак само краткотраен „шатдаун“ во САД | Економија | DW | 09.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Сепак само краткотраен „шатдаун“ во САД

Веќе вторпат годинава во САД во сила беше блокада на буџетот. Таа меѓутоа беше краткотрајна, бидејќи Претставничкиот дом на Конгресот веднаш по Сенатот го изгласа предлог законот за преодниот буџет.

Во САД само неколку часа беше во сила стапи финансиска блокада на владините институции ( таканаречен „шатдаун“). Спорниот  предлог-закон за преодниот буџет ја мина и последната пречка откако Претставничкиот дом на Конгресот во раните утрински часови по локално време го усвои со 240 гласови за и 186 против. Со тоа е одбегната подолга буџетска блокада. 

Краткотрајниот „шатдаун“ стапи автоматски во сила откако вчеравечер по локално време републиканскиот сенатор Ранд Пол, со долго обраќање оневозможи брзо гласање за предлог-законот за преодниот буџет за кој компромис постигнаа Републиканската и Демократската партија. Протестот на Пол го принуди Конгресот да го пропушти рокот за усвојување на мерките за финансирање на федералните институции.

Повеќе на темата:

-Крај на буџетската блокада во САД

-„Шатдаун“: Застој во САД

Сенатот сепак на крајот доцна во ноќта го усвои нацрт-буџетот со 78 гласови за и 21 против, надминувајќи го со тоа противењето на републиканските фискални конзервативци, меѓу нив и Ранд Пол, кои тврдат дека новиот предлог-буџет претставува враќање кон неконтролираното трошење и создавање на голем јавен дефицит, како во времето на администрацијата на претседателот Барак Обама.

 Senator Rand Paul in Washington (Reuters/J. Roberts)

Ранд Пол

Шестнеделен преоден буџет

Лидерите на републиканците и на демократите во Сенатот претходно постигнаа компромис за буџетот. Гласањето во Сенатот всушност важеше за сигурно. Во Претставничкиот дом гласањето важи за не толку сигурно бидејќи отпор против компромисното решение има како во редовите на републиканците, така и на демократите.

Компромисот предвидува, како прв чекор да биде усвоен шестнеделен преоден буџет. Со тоа треба да се обезбеди време во закон да се формулира договорот за двегодишниот буџет и тој да биде усвоен во двата дома на Конгресот.

 

DW.COM

Реклама