Сепак договор! | Теми на денот | DW | 23.06.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Сепак договор!

Претседателите на држави или влади на Европската унија по маратонската седница што траеше до утринските часови, го отворија патот за новиот основен договор, како замена за пропаднатиот устав.

default

Ангела Меркел покажа маратонска кондиција: успех или неуспех?

Како што изјави Ангела Меркел, која претседаваше на самитот, до последниот момент кај сите владееше готовноста за компромис, бранејќи ги притоа отстапките што беа направени пред се во однос на Полска. Отпорот на Варшава против идниот начин на гласање неколкупати го доведе самитот на работ на неуспех. Инаку, договорот треба да и обезбеди на унијата поголема тежина во светот со тоа што ќе постои висок претставник за надворешна политика кој истовремено ќе биде и потпретседател на Европската комисија. Меѓу учесниците некои се задоволни, некои не.

Новиот европски договор, како што беше планирано, ќе може да стапи на сила во 2009 година. Тоа е добрата вест што по скоро 36 часа маратонски преговори, можеше да ја соопшти претседавачот на Унијата, Ангела Меркел:

„Тоа покажа дека Европа на крајот се обедини. Секој мораше да направи компромиси, но верувам дека овој реформски договор, претставува јасен и важен напредок за Европската унија што ќе ја направи способна да дејствува„.

Главната спорна точка беше идниот модус на гласање во Унијата. Полска, која страхуваше за своето влијание, неколкупати се закани со вето. Претедателот Лех Качински попушти дури откако Меркел се закани дека деталните преговори за новиот договор ќе започнат и без согласноста на Полска. Според тоа, се останува на принципот на двојно мнозинство, како што беше предвидено и во уставот. Тоа значи согласност на 55 насто од државите, кои истовремено претставуваат 65 насто од населението во Европа. Но, овој принцип, поради притисокот на Полска ќе важи дури од 2014 година. Качински беше задоволен од постигнатиот успех:

„Оваа ноќ покажа дека Европа е место каде што можат да се склучат компромиси. Полска не мораше да се ги крши забите„.

За постигнатата согласност задоволство покажа и францускиот претседател Николас Саркози:

„Стануваше збор за тоа да излеземе од двегодишната парализа. Сега Европа ќе добие институции способни за дејствување. Поедноставениот договор во кој многумнина во Европа не веруваа, стана стварност„.

Премиерот на Луксембург, Жан Клод Јункер, напротив беше незадоволен од резултатот: „Уставот беше разбирлив договор. Сега имаме поедноставен договор кој е многу компликуван„.

Резулатот и долгиот пат до него ги покажа спротивставените интереси во Европската унија. И од британска страна најнапред имаше силни задршки околу новиот договор. На приемерот Тони Блер му успеа да издејствува Повелбата за основните права да не биде обврзувачка за неговата земја. На неговиот последен самит како премиер, тој искажа задоволство од резултатот, повлекувајќи и биланс за неговата европска политика во изминатите 10 години:

„Најважното сознание е во инетересот на Велика Британија да биде во центарот на Европа, да го негува и да го разбере чувството на заедништво со Европа, што е многу важно на почетокот на овој 21 век. За земја како Велика Британија е важно да одржува тесни сојузи за да ги одржи влијанието и сопствената тежина„, изјави Блер.