Седуммина уапсени во Велика Британија | Вести | DW | 02.07.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Седуммина уапсени во Велика Британија

*

Во потрагата по осомничени за вмешаност во плановите за терористички напади во Велика Британија се уапсени вкупно седум лица. Во текот на ноќта беа уапсени уште двајца мажи за кои се смета дека учествувале во нападот на аеродромот во Глазгов. Според медуимските информации сите притворени потекнуваат од Блискиот исток. Во земјата се уште владее највисокото, критично ниво на безбедност што значи дека постои непосредна опасност од напади. Претседателот на ЕК,Хозе Мануел Барозо денеска побара заедничка европска акција против терористичките закани.