Северна Кореја ќе има 20 нуклеарки до крајот на годинава | Свет | DW | 14.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Северна Кореја ќе има 20 нуклеарки до крајот на годинава

Експертите за оружје проценуваат дека благодарение на забрзаното збогатување ураниум и резервите на плутониум, режимот во Северна Кореја до крајот на годинава ќе поседува материјал за 20 нуклеарни бомби

Вистинските нуклеарни капацитети на изолираната комунистичка држава е тешко да се проценат, но и покрај 10 годишните санкции од ОН, земјата успеа да го развие процесот на збогатување ураниум и да ја одржи во живот својата нуклеарна програма.

Откако Пјонгјанг ја изврши својата петта и последна нуклеарна проба минатата недела, и според некои наводи, се подготвува и за нова, очигледно е дека не му недостасуваат ресурси за тестирање.

Гледај видео 01:11
Now live
01:11 минути

Северна Кореја ќе има 20 нуклеарки до крајот на годинава

Државата има големи резерви на ураниум и веќе една деценија тајно работи на негово збогатување на ниво на оружје.

Експертот за севернокорејската нуклеарна програма, Зигфрид Хекер вели дека земјата произведува околу 150 килограми збогатен ураниум годишно. Тоа количество е доволно за производство на шест бомби годишно, или севкупно околу 20 нуклеарни бомби до крајот на годинава.

По последниот тест, Северна Кореја соопшти дека развила способност за поставување на нуклеарна боева глава на балистички проектил со среден домет. Во таа чест, властите организираа и голем митинг на плоштадот во Пјонгјанг на кој присуствуваа илјадници луѓе.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама