Северна Кореја тестираше интерконтинентална ракета | Свет | DW | 04.07.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Северна Кореја тестираше интерконтинентална ракета

Северна Кореја соопшти дека успешно тестирала интерконтинентална ракета. Јужнокореjската војска и Јапонија заеднички ги испитуваат тврдењата од Пјонгјанг.

При својот најнов оружен тест, Северна Кореја според сопствени наводи, тестирала интерконтинентална ракета, ИЦБМ од типот Хвасонг-14, која достигнала височина од 2800 километри и по лет од 39 минути прецизно ја погодила целта. Северна Кореја е во можност да погоди цели насекаде низ светот, пренесе државната телевизија.

Јужнокорејската војска претходно претпоставуваше дека испалениот проектил е од среден дострел, изјави јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин, по состанокот на Националниот совет за безбедност, но сега не се исклучува можноста дека била тестирана ИЦБМ. Мун во најновиот ракетен тест гледа провокација на Пјонгјанг, со која се прекршуваат резолуциите на ОН, со кои на Северна Кореја ѝ се забранува тестирање балистички ракети.

Проценките на јужнокорејските сили за безбедност и на јапонското министерство за одбрана, велат дека најновиот проектил лансиран од меѓународно изолираната земја достигнал дистанца до 900 километри и височина од 2500 километри. Јужнокорејската војска вели дека балистичката ракета била тестирана во Пангхион, во правец на Јапонското Море. Јапонската влада пак соопштува дека по 40-минутен лет, проектилот паднал во зоната од 200 милји пред јапонскиот брег. Доколку следи нормална траекторија, ракетата би можела да помине растојание до 6.000 километри. За интерконтинентални се сметаат ракетите со дострел преку 5.500 километри, кои обично се опремуваат со атомски боеви глави и по напуштањето на земјината атмосфера, се движат по балистичка траекторија.

За попладне, како што јавува јужнокорејската новинска агенција Џонхап, владата од Пјонгјанг најавила важно соопштение.

Повторниот ракетен тест предизвика остри протести во целата светска јавност. Тој се совпаѓа и со Денот на независноста на САД, 4. јули. Американскиот претседател Доналд Трамп, во првата реакција ја повика КИна, како најблзок сојузник на Северна Кореја, „да преземе решителни чекори и еднаш за секогаш да го запре ова безумие.“

 

DW.COM

Реклама