Северна Кореја се согласи на денуклеаризација | Свет | DW | 27.04.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Северна Кореја се согласи на денуклеаризација

Очекувањата беа големи и уште претходно самитот беше означен како историски. Лидерот на Северна Кореја Ким и неговиот јужнокорејски колега Мун постигнаа согласност за Корејски Полуостров без атомско оружје.

Северна и Јужна Кореја денеска постигнаа договор за денуклеаризација и за крај на војната на Корејскиот Полуостров.

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун и претседателот на Јужна Кореја Мун Џае Ин соопштија дека ќе се залагаат за заеднички преговори со САД и со Кина за и официјално запирање на војната на Корејскиот Полуостров.

Двајцата лидери се согласија по состанокот, во демилитаризираната зона која ги дели Северна и Јужна Кореја, оти ќе се залагаат за „тројни“ преговори со САД и „четирикратни“ преговори со Кина за постигнување на конечен мир.

Повеќе:

-Самитот на двете Кореи буди надежи во пограничните области

-Историски самит на лидерите на двете Кореи

-Северна Кореја најави прекин на нуклеарните и ракетните тестови

Двете Кореи соопштија дека очекуваат официјалниот крај на војната да се прогласи до крајот на годината.

Лидерите на Северна и Јужна Кореја се договорија да отворат канцеларија за комуникации во севернокорејскиот град Каесонг и да овозможат привремено спојување на семејствата разделени во војната од 1950 до 1953 година.

Гледај видео 00:55

Ким Јонг Ун на јужнокорејско тло

На состанокот е договорено претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ии, на есен да го посети Пјонгјанг.

Двете Кореи уште се договорија и оти ќе ја засилат цивилната размена и се заложија за заедничко учество на спортски и на културни манифестации.

Ким и Мун денеска се сретнаа во демилитаризираната зона која ги дели нивните две земји. Средбата беше најавена како „историски самит“ бидејќи Ким е првиот севернокорејски лидер на јужнокорејско тло уште од крајот на Корејската војна (1950-1953).

Ким рече дека го „понесле емоции“ кога го преминал бетонскиот праг кој претставува граница меѓу двете Кореи.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама