Северна Кореја се заканува со одмазднички напад | Свет | DW | 15.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Северна Кореја се заканува со одмазднички напад

Во одговор на заканите од Вашингтон, Пјонгјанг ѕвечка со оружје. Ќе го искористи ли Северна Кореја државниот празник за нов атомски тест? САД во таков случај би можеле да преземат сериозен потег.

Севернокорејското раководство му го врати вербалниот удар на Вашингтон - американската влада на чело со Доналд Трамп креира воена ситуација на Корејскиот Полуостров, предупреди Хое Руонг Хае, вториот човек во комунистичката држава: „Пјонгјанг е подготвен на тотална војна да одговори со тотална војна“. Со поглед кон крајно малку веројатниот случај, Вашингтон да употреби атомско оружје против Северна Кореја, во говорот пренесуван преку државната телевизија, Хое истакна: „Спремни сме на секој атомски напад да реагираме со атомски напад.“ 

Кратко по говорот на Хое, во Пјонгјанг почна воена парада. Севернокрејците го слават „Денот на сонцето“, роденденот на починатиот основач на државата, Ким Ил Сунг, најголемиот државен празник. Славен како „вечен претседател“, пред 23 години починатиот Ким, е сѐприсутен во земјата.  Исто кон неговиот син Ким Јонг Ил и неговиот внук, сегашниот властродржец Ким Јонг Ун, се негува интензивен култ на личноста. 

Nordkorea Kim Jong Un mit Choe Ryong Hae (picture alliance/AP Photo/W. Maye-E)

Ким Јонг Ун им се заканува на САД

Нов атомски тест?

Меѓутоа, денешениот ден е бризантен од други причини: многумина стравуваат од тоа комунистичкиот режим да го искористи празникот за извршување нов тест на атомско оружје. Американски експерти упатуваат на сателистки снимки, кои укажуваат на постојни сомнителни активности врз пробниот полигон. Ким Јонг Ун со вакви тетстови врши редовна демонстрација на силата на својата земја. Истовремено, Северна Кореја работи на усовршување далекуметни ракети, со кои е можно атомски боеви глави да стигнат до американско копно. Меѓународно изолираната земја притоа крши повеќе резолуции на Советот за безбедност на ОН. Нов атомски тест може да доведе до ескалација на и без тоа тензичната ситуација меѓу Вашингтон и Пјонгјанг. САД веќе најавија вршење проверка на воени опции поради опасноста која произлегува од Северна Кореја. Пред неколку дена американскиот претседател Доналд Трамп испрати еден носач на авиони и повеќе воени бродови кон Корејскиот Полуостров. Трамп најави: „Северна Кореја е проблем за кој ќе се погрижиме“. Тој повеќепати се закани со стопирање на севернокорејската атомска програма, во нужен случај и со еднострана акција, на своја рака.

Воинственото однесување на САД се манифестира со повеќе акции.Правејќи свртување од 180 степени од својот најавен изолационистички курс во предизборната кампања, Трамп одобри воени акции во Сирија и во Авганистан. Во Сирија беше бомбардирана авионска воена база, а во Авганистан беше фрлена американската најголема неатомска бомба. Аналитичарите ова го толкуваат како предупредувачки сигнал кон Пјонгјанг.

Nordkorea Militärparade in Pjöngjang (picture-alliance/dpa/W. Maye-E)

Воена парада во Пјонгјанг

Русија и Кина се загрижени

Тоа ги поттикна Русија и Кина да реагираат поради растечка опасност. Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји предупреди од последиците на директна конфронтација меѓу САД и Северна Кореја: „Постои впечаток дека конфликтот може да избувне во секој момент. Во случај на војна, резултатот е ситуација во која сите се губитници и нема победник.“

И Русија ги повика САД на воздржаност. „Москва со голема загриженост ја следи  ескалацијата на напнатоста на Корејскиот Полуостров“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков. Рускиот амбасадор во Пјонгјанг, Александар Мазегора изјави дека не исклучува атомски тест од страна на Северна Кореја во скоро време, но предупредува од кобни одлуки од страна на Трамп: „Сите ние сега мораме да запреме пред работ на понорот.“ 

 

DW.COM

Реклама