Северна Кореја: Секоја недела една ракета? | Свет | DW | 22.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Северна Кореја: Секоја недела една ракета?

Тестот беше „успешен“ и ракетата од среден дострел сега е подготвена за воена употреба, потврди Пјонгјанг по најновиот ракетен тест. Советот за безбедност на ОН утре ќе расправа за новата провокација на Северна Кореја

Во меѓувреме станува рутина, честопати во неделен такт: Северна Кореја лансира ракета. САД и околните држави Јапонија и Јужна Кореја јавуваат дека го набљудувале тестот и малку подоцна доаѓа и потврда преку државните медиуми од Пјонгјанг.

Точно една недела по последниот тест, комунистичкото раководство во Северна Кореја вчера (21.05.2017) повторно тестираше ракета од среден дострел. Балистичкиот проектил летал околу 500 километри пред да падне во Јапонското Море.

Речиси половина ден откако проектилот, според јужнокорејските, јапонските и американските извештаи, бил истрелан северно од главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг, во насока на Јапонското Море, комунистичкото раководство на Северна Кореја потврди дека „успешно“ тестирало ракета од среден дострел. Станувало збор за проектил од типот „Пукгуксонг-2“, кој сега е подготвен за воена употреба, јави државната новинска агенција КЦНА.

Според наводи на САД и Јужна Кореја, станувало збор за ракета од среден дострел, која поминала растојание од 500 километри. Јапонците, исто како и САД и Јужна Кореја го осудија новиот тест како еклатантно прекршување на резолуциите на ОН. Оваа повторна провокација не може да биде прифатена, изјави портпарол на јапонската влада. Кина денеска повторно истакна дека се спротиставува на ракетните тестови на Северна Кореја и ги повика сите страни на воздржаност.

Советот за безбедност алармиран

Меѓународно изолираната земја попретпоследниот тест на проектил од типот „Хвангсонг-12“ се фалеше со тоа дека има нов тип на ракета кое може да носи „ моќна атомска боева глава“. Американските експерти потврдуваат дека станувало збор за ракета со најголем дострел, која досега ја тестирала Северна Кореја.

Со оглед на ваквата ситуација Советот а безбедност на ОН утре ќе одржи вонредна седница. Состанокот е на барање на САД, Јапонија и Јужна Кореја. Највисокото безбедносно тело на ОН во изминатите години во повеќе наврати ги заостри санкциите против Северна Кореја, што меѓутоа не ја спречи земјата да продолжи со нејзината атомска и ракетна програма.

Од 2006 година наваму, според сопствени наводи, има спроведено пет теста на атомски бомби. Од нив две во минатата година. Истовремено раководството во Пјонгјанг работи на развој на ракети со голем дострел, кои со атомски боеви глави би можеле да достигнат до САД.

 

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама