Северна Кореја продолжува со ракетната програма | Свет | DW | 13.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Северна Кореја продолжува со ракетната програма

Работи ли Пјонгјанг и покрај разговорите за разоружување со САД и натаму на својата атомска програма? Според американскиот Центар за стратешки и интернационални студии, во цела земја се идентификувани тајни ракетни бази.

Според студија на Центарот за стратешки и интернационални студии (ЦСИС) со седиште во Вашингтон, сателитски снимки докажуваат дека севернокорејското раководство на најмалку 13 места крие мобилни ракети, кои може да се употребат за нуклеарни цели. Соработници на ЦСИС претпоставуваат дека би можело да има дури и до 20 ракетни бази кои Пјонгјанг досега ги крие. „Овие бази не се замрзнати. Работата продолжува“, изјави за „Њујорк Тајмс“ Виктор Ча, раководител на програмата на ЦСИС за Северна Кореја.

Во студијата се тврди дека насекаде во земјата има скриени подземни бази, кои се изградени така што мобилните ракетни фрлачи можат брзо да бидат извадени од подземните тунели и да се транспортираат на претходно подготвени места за пукање. Една од базите, која во студијата е детално опишана, се наоѓа на само 135 километри северозападно од главниот град на Јужна Кореја, Сеул. Основа за студијата на ЦСИС, покрај сателистки снимки, се и интервјуа со лица кои пребегале и со соработници на тајни служби и на влади.

Нови сомнежи во политиката на Трамп кон Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп го оцени самитот со севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун во Сингапур, во јуни годинава, како почеток на „целосна денуклеаризација“ на Корејскиот Полуостров и редовно зборува за голем напредок во разговорите со изолираната земја.

Гледај видео 00:42

Историско ракување

Пјонгјанг во меѓувреме се откажа од ракетни тестови и урна една база за тестирање ракети. Со оглед на новите сознанија весникот „Њујорк Тајмс“ оценува дека Северна Кореја намерно на американската влада ѝ прави мали отстапки, додека зад кулисите форсира изградба на својот ракетен арсенал.

Американската влада од Северна Кореја бара целосно нуклеарно разоружување и сака да ги задржи санкциите против таа земја сѐ додека тоа не се случи. Пјонгјанг се противи на тоа и неодамна се закани со повторен старт на својата атомска програма доколку Вашингтон не ги укине економските санкции.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама