Северна Кореја наголемо ги заобиколува санкциите | Свет | DW | 03.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Северна Кореја наголемо ги заобиколува санкциите

Севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун не се грижи многу за санкциите воведени од страна на ОН. И покрај забраните, Северна Кореја извезува, на пример, јаглен и железо и притоа добро заработува.

Во периодот помеѓу јануари и септември 2017 година комунистичкото раководство на Северна Кореја преку забранет извоз заработило речиси 200 милиони американски долари (повеќе од 160 милиони евра), се вели во најновиот извештај на Обединетите нации. Станува збор за извоз на јаглен и железо. Освен тоа, се извезувало и оружје за Сирија и Мјанмар.

Северна Кореја и натаму ги извезува „речиси сите стоки забранети со резолуциите“, констатираат експертите на ОН во својата студија доставена до Советот за безбедност. Притоа, меѓу другото, се опишани стратегиите кои се користат за тајниот извоз на јаглен.

За да се заобиколат санкциите бродовите пловат под туѓо знаме, а јагленот се претовара на отворено море. Потоа со фалсификувани документи се сокрива вистинското потекло на суровината. Така, јагленот од Северна Кореја стигнал до пристаништа во Русија, Кина Јужна Кореја, Малезија и Виетнам.

Советот за безбедност воведе санкции против Пјонгјанг поради атомската и ракетната програма на земјата. Меѓутоа, Северна Кореја и натаму изведува тестови со ракети. Минатиот септември меѓународно изолираната земја го изведе својот шести и досега најголем нуклеарен тест.

DW.COM

Реклама