Северна Кореја испраќа 22 спортисти на ЗОИ во Јужна Кореја | Свет | DW | 20.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Северна Кореја испраќа 22 спортисти на ЗОИ во Јужна Кореја

Меѓународниот олимписки комитет соопшти дека спортистите од Јужна и од Северна Кореја заедно ќе маршираат на свечената церемонија на отворањето на претстојната Олимпијада во Пјеонгчанг.

ИОК, по денешниот состанок во Лозана со олимпските и државните претставници од двете земји, наведе и оти Северна Кореја на Зимските олимписки игри во соседната Јужна Кореја ќе ја претставуваат 22 натпреварувачи во 5 дисциплини.

Покрај тоа Јужна и Северна Кореја ќе имаат заеднички тим во хокеј на мраз во женска конкуренција, а  спортистите од Северна Кореја ќе се натпреваруваат и во уметничко лизгање, крос кантри скијање, алпско скијање и во брзо лизгање на куси патеки. 

Повеќе на темата:

-Корејски конфликт: Разговори наместо ракети

-Северна и Јужна Кореја повторно водат директни разговори

-Директни разговори на Северна и Јужна Кореја

Претседателот на ИОК, Томас Бах, рече дека е благодарен на владите на Јужна и на Северна Кореја за договорот за олимпско единство.

„Да се надеваме дека Зимските олимписки игри ќе ја отворат вратата за подобра иднина на Корејскиот полуостров“, истакна Бах.

До затоплување на односите меѓу двете земји дојде откако лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, во новогодишното обраќање на 1 јануари најави можност за учество на севернокорејските спортисти на ЗОИ во Јужна Кореја. Сеул наредниот ден одговори со предлог на 9 јануари да продолжат официјалните преговори кои беа запрени пред 2 години.

Зимските олимписки игри во Пјјеонгчанг ќе се одржат од 9 до 25 февруари.

 

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама