Северна Кореја егзекутираше високи државни функционери?! | Свет | DW | 31.05.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Северна Кореја егзекутираше високи државни функционери?!

Комунистичката држава започна чистка на функционерите кои ги поддржуваа пропаднатите преговори за нуклеарната програма на претседателот Ким Џонг Ун и претседателот на САД, Доналд Трамп. Судбината на многумина е непозната

Според информации во јужнокорејските медиуми, прв бил егзекутиран Ким Хиок Чол- нуклеарниот пратеник во САД, а покрај него и уште четворица други функционери на министерството за надворешни работи. Сите биле обвинети за шпионирање во корист на САД и биле егзекутирани во март годинава на аеродромот Мирим во Пјонгјанг.
„Тој беше обвинет за шпионирање во корист на САД, за слабо известување за преговорите без притоа добро да ги сфати намерите на САД“, вели за егзекуцијата на Чол, анонимен извор на јужнокорејскиот весник.
На самитот во виетнамскиот главен град Ханој во февруари, Трамп и Ким не успеаја да постигнат договор за целосна денуклеаризација на корејскиот полуостров и барањето на Северна Кореја за ублажување на санкциите.
Светските агенции засега не можат да добијат независна потврда на овие извештаи. И претходно имаше извештати за егзекутирани севернокорејски функционери, но тие подоцна се појавуваа во јавноста со нови функции.
Американскиот Стејт Департмент исто така соопшти дека нема информации кои би можеле да го потврдат овој извештај. 

„Осуда од револуцијата!“

Дипломатските извори за агенцијата Ројтерс изјавиле дека постојат сигнали оти Ким Хиок Чол и други функционери биле казнети за неуспехот на самитот, но дека казната била испраќање во кампови за реедукација, а не егзекуција.

Pressekonferenz mit Kim Hyok Chol in Madrid (picture-alliance/dpa/Geisler-Fotopress)

Останува непознато дали Ким Хиок Чол е егзекутиран или испратен на превоспитување?

И Ким Јонг Чол, десната рака на Ким Џонг Ун пред самитот во Ханој, бил испратен во работнички логор на превоспитување, тврди јужнокорејскиот весник Чосун Илбо.

Партиското гласило на комунистичката партија на Северна Кореја Родонг Синмун во четвртокот предупреди дека „дволичните“ функционери ќе се соочат со „жестока осуда од револуцијата“.

„Антипартиски и анти-револуционерен акт е да се преправате дека го обожувате лидерот пред него кога всушност сонувате за нешто друго“, се наведува во коментарот.

„Постојат предавници и превртливци кои само ги учат напамет зборовите на лојалност кон Лидерот и се менуваат во согласност со времето“.

Истиот весник го обвини и Џанг Сонг Таек, тетинот на Ким Џонг Ун, дека извршил „анти-партиски и анти-револуционерни акти“, пред да биде егзекутиран во декември 2013 година.

 

DW.COM

Реклама