Северна и Јужна Кореја: дали Ким игра на време? | Свет | DW | 20.09.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Северна и Јужна Кореја: дали Ким игра на време?

Северна Кореја вети дека ќе го намали обемот на нуклеарната програма и сака повторно приближување кон Јужна Кореја. Експертите се скептични дека големите ветувања и де факто ќе предизвикаат голем пресврт.

Ким Јонг Ун во Пјонгјанг го посла црвениот килим за јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин. Двајцата лидери од Корејскиот полуостров веќе трет пат се среќаваат и барем навидум изгледа дека има приближување во денуклеаризацијата на Северот. Но, и покрај сите позитивни знаци, експертите сметааат дека Ким нема целосно да се откаже од нуклеарната програма. За него таа претставува важно средство за заплашување и е круцијална за опстанокот на неговиот режим.

Мун во Пјонгјанг пристигна завчера изутрина. Првиот ден од самитот кон кој беше свртено вниманието на целиот свет, главно се состоеше од симболични гестови на пријателство и меѓукорејска поврзаност. Ким го пречека гостинот на аеродромот во севернокорејскиот главен град. На крајот двајцата мажи во отворен Мерцедес парадираа низ градот пред очите на илјадници радосни Севернокорејци. Мун и Ким претходно воделе 2 часа разговори. Според тамошните извештаи, Ким наводно му кажал на својот гостин дека очекува напредок на следните преговори со САД.

Доверба и пријателство

Јужнокорејскиот претседател Мун зборуваше за „доверба и пријателство“, кои се изродиле меѓу него и Ким. Обајцата се залагале за иднина, „која никој до сега не ја доживеал", изјави Мун. На заедничката пресконференција на крајот на разговорите Мун и Ким објавија дека постигнале некоку договори. Меѓу другото, според Ким, и за „клучните чекори“ за денуклеаризација на Северна Кореја, што е предуслов за американскиот претседател Трамп да се откаже од меѓународните санкции против режимот на Ким.

Ким се согласи полигонот за тестирање ракети во Донгчанг Ри „трајно" да биде затворен. Меѓународните набљудувачи треба да контролираат дали Ким си го одржал своето ветување. Во разговорите двајцата лидери се договориле да се ослободат од сето атомско оружје што постои на Корејскиот полуостров. Во заедничкото соопштение покрај тоа се вели дека Северот ќе презеде „дополнителните чекори како на пример затворањето на атомската централа Јонгбјон, доколку и САД реагираат соодветно“.

Повеќе:

-Пјонгјанг и Сеул потпишаа договор за денуклеаризација

-Ким бара втор самит со Трамп

-Северна Кореја не ја запрела нуклеарната програма

Во серија твитови американскиот претседател Трамп позитивно реагираше на договореното во Пјонгјанг. Очигледно му се допаѓа и идејата Северна и Јужна Кореја заеднички да бидат домаќини на Олимписките игри во 2032 година.

Во Јужна Кореја резултатите од средбата исто така наидоа на одобрување. Многумина ги сфатија како напредок во денуклеаризацијата на полуостровот. Сепак аналитичарите се скептични дали Ким Јонг Ун навистина ќе се откаже од неговото ултимативно средство за воена закана. Многу време и ресурси беа вложени во тоа Северна Кореја да стане атомска сила.

Тешко е да му се верува на Ким

„Секако дека имаме задршки", вели Ан Јинхај, професорка за меѓународни односи на Корејскиот универзитет во Сеул. "Мун вложи мнигу напор и време во работата со Северот во економска и хуманитарна смисла, но САД сакаат да знаат се за атомската програма, односно колку оружје има, какво и каде се чува."

Лицата со кои Ан контактира во САД и раскажале дека Вашингтон нема да ги повлече санкциите се додека владата не биде потполно сигурна дека Северна Кореја веќе не поседува атомско оружје. Ветувањата на Ким немао да ги натераат САД да ги олабават санкциите. "Никој во Јужна Кореја не сака војна, но сепак сето останува некаде во главите на луѓето тука", смета Ан. "80 проценти од луѓето на Југот сметаат дека Ким нема неговото атомско оружје комплетно да го стави на располагање за контроли, ниту трајно да го отстрани." Би сакале да веруваат во тоа, но не ситуацијата не е таква, вели Ан.

Гарен Мулој кој е доцент на универзитетот Даито Бункјо во Јапонија, се согласува дека Ким премногу би ставил на коцка доколку се откаже од атомската програма. "Единствената цел на Ким е да преживее. Нему дури не му е потребна ниту нацијата да го поддржи, се додека неговиот режим функционира", вели Мулој за ДВ. Дел од стратегијата на Ким било да сее конфликт меѓу неговите непријатели за да го намали дејството на санкциите кои всушност требаше да ја погодат само Северна Кореја.

Малку веројатно е дека ќе има безбедносни гаранции

„Единствениот начин како Ким би можел да се откаже од оружјето е да има безбедносна гаранција за тоа, дека нема да биде симнат од власт“, вели Мулој, но додава дека Ким веројатно нема да има доверба во гаранции. „Бидејќи претседателите се менуваат, истото се случува и со ветувањата што ги даваат", вели тој. Ким тоа го знаел, па ни гаранција поддржана од ООН и Кина не би му била доволна за да го убеди. "Затоа сум песимист дека навистина ќе се случи денуклеаризирањето“.

Според Ан Јинхај друго сценарио би било Северна и Јужна Кореја до тој степен да ги загреат нивните односи што Југот би се дистанцирал од САД, евентуално со полоши последици. „Јужна Кореја и САД во моментов изглед влечат во два различни правци“, вели Ан. „Мојата интуиција ми вели дека Ким нема да се откаже од неговото атомско оружје, што ќе ги оптовари релациите меѓу САД и Јужна Кореја“.

„Се плашам дека САД и Јужна Кореја ќе дојдат до точка кога меѓусебно ќе се игнорираат“, појаснува Ан. Кога САД би одлучиле дека само воено решение може да го натера Ким да се денуклеаризира, владата на Јужна Кореја не би била информирана. „Од страв дека може да ја издадат информацијата на Северот“, смета Ан. Во минатото постојано се тематизираше недостигот на доверба меѓу Северна Кореја и остатокот на светот. „Поголемата опасност сепак е недостигот на доверба меѓу САД и Јужна Кореја."

 

DW.COM

Реклама