Северна Ирска: Уапсени двајца осомничени за убиството на новинарката | Свет | DW | 20.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Северна Ирска: Уапсени двајца осомничени за убиството на новинарката

Полицијата во Северна Ирска соопшти дека денеска уапсила две момчиња од 18 и 19 години во врска со убиството на новинарка за време на безредијата во градот Лондондери.  

Двајцата тинејџери, како што соопшти северноирската полиција, биле уапсени врз основа на законот за борба против тероризам. Тие биле однесени на сослушување во полициска станица. Натамошни детали за апсењето не се соопштени.

Лира Меки, 29-годишната новинарка, веројатно ја погодил залутан куршум кога непознати лица пукале и фрлале молотови коктели врз полицијата во немирите кои избувнаа за време на рутинска контрола во населбата Креган во Лондондери.Полицијата соопшти оти верува дека за безредијата се одговорни припадниците на отпадничката група Нова ИРА.

Нова ИРА е група републиканци кои не го признаваат Договорот кој е постигнат на Велики петок 1998 година и кој донесе траен мир меѓу протестантите (унионисти) и републиканците (републиканци) во Северна Ирска.

Со овој договор Ирската републиканска војска го прифати политичкото решение по долгогодишните насилства во кои се убиени над 3.700 луѓе.

Во последните месеци е забележан пораст на тензиите во Северна Ирска. Полицијата смета дека за тоа е одговорна Нова ИРА. Во јануари во Лондондери експлодираше и автомобил-бомба.

Северна Ирска игра одлучувачка улога и во спорот околу Брегзит. Договорот од Велики петок освен поделба на власта меѓу протестантите и католиците предвидува и граница меѓу Ирска и Северна Ирска, која е дел од Велика Британија, без контроли. Државите од ЕУ сметаат дека Договорот ќе биде загрозен, доколку во процесот на излегување на Велика Британија од ЕУ повторно бидат воведени гранични контроли меѓу Ирска и Северна Ирска.

    

DW.COM

Реклама