СДСМ објави бугарска лична карта на Данела Арсовска, таа најавува тужби | Северна Македонија | DW | 27.10.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

СДСМ објави бугарска лична карта на Данела Арсовска, таа најавува тужби

Се вжештува изборната трка за Скопје. Бугарски медиуми се вклучија во одбрана на Арсовска, за која власта тврди дека има двојно државјанство. Заев ја повикува да се повлече.

Во финишот на изборната кампања за локалните избори во Северна Македонија, се засилуваат обвинувањата меѓу владејачката СДСМ и кандидатката за градоначалник на Град Скопје, поддржана од опозицијата, Данела Арсовска. Еден ден по објавувањето на документ од Министерството за правда на Бугарија, кој според СДСМ, укажува дека Арсовска десетина години имала бугарско државјанство, денеска пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, објави нови докази -  бугарска лична карта. Документот е издаден на 5 мај 2017 година и се уште е важечки. Според Петровска, личната карта на Арсовска била издадена една недела по насилниот упад во Собранието на 27 април. 

„Ништо не може да го сокрие фактот дека таа, освен што е конзул на Унгарија, освен што е потврдена инсталација на Груевски, поседува и бугарско државјанство и бугарска лична карта. Ваков потценувачки однос, вакви подметнувања не проаѓаат кај граѓаните на Скопје. Не проаѓа во Скопје странска инсталација која работи против интересите на граѓаните“, рече Петровска. 

Се избира градоначалник, а не кмет 

Претходно слична порака упати и премиерот Зоран Заев. „Во Скопје се избира градоначалник, кмет се избира во Бугарија. Имало Скопје кмет во 1941 година, но овде избираме градоначалник“, вели лидерот на СДСМ, кој тврди дека кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, има бугарско државјанство. 

Pressekonferenz der Nordmazedoniens Premierminister Zoran Zaev nach den Kommunalwahlen

Во Скопје се избира градоначалник, кмет се избира во Бугарија, вели премиерот Зоран Заев.

Во разговор за „Утрински брифинг“, Заев рече дека Арсовска не ги дематирала директно сознанијата што ги објави СДСМ дека таа пред една деценија се стекнала со државјанство на Бугарија. Тој вели дека очекува кандидатката за градоначалничка да се повлече од изборната трка. „Тврдам дека Данела Арсовска е државјанин и на Бугарија. И тука нема ништо лошо, но проблемот е политички, етички, нечесен. Мора да им кажете на своите граѓани. Скопјани верувам дека нема да дозволат да бидат изманипулирани. Во живот ако се определите да бидете претставник на странска држава, тогаш тоа го работите. Не можете да биде претставник на странска држава, а да водите ’влада во влада’. Очекувам Аровска да се повлече веднаш, ако малку ги сака Скопје и скопјани. Ова е понижување“, рече премиерот. 

Арсовска демантира и најавува тужби 

Данела Арсовска денеска ги негираше тврдењата од СДСМ за поседување на бугарско државјанство. Смета дека таквите обвинувања се само уште еден чекор на покажување и демонстрирање нечија слабост, но дека е свесна оти „за работите кои што беа изнесени од страна на СДСМ во изминатите неколку денови, нема да може во толку краток рок да докаже и да покаже дека безумно лажат“. 

„Немаше да се кандидирам доколу имав црни дамки“, реагира Арсовска. Таа вели дека никогаш не го носела името Даниела и дека е родена Данела Јовановска, по името на нејзиниот дедо Дане, Македонец, а презимето Арсовска го носи повеќе од 20 години. 

„Ова е безумие што се случува и напад на лична основа и тоа од луѓето кои што пет години ме викале да им давам економски совети и совети за економски мерки, луѓе кои седеле со мене на маса, а сега покажуваат на мене како на антидржавен елемент. Луѓето во Скопје и во Македонија знаат дека сето тоа не е вистина. Треба да се срамат од тоа што го прават. Јас веќе пуштив една тужба, меѓутоа овојпат тужбата нема да оди без надомест. Средствата што  ќе ги земам ќе ги донирам, но не за политичка партија како што лажат. Никогаш во животот не сум била член на политичка партија, ниту сум донирала на политичка партија, ниту пак сум направила нешто погрешно",  вели Арсовска. 

Бугарски медиуми во одбрана на Арсовска 

Бугарија денеска се вклучи во одбрана на Арсовска, преку текст којшто го објави софиски „Труд“. „Бугарка вербално линчувана во Скопје“ е насловот на текстот,  посветен на случајот со кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска. 

„Дали е лошо да си Бугарин во Македонија? Од тонот и сугестиите на официјалната прес-конференција на владејачката партија СДСМ на Зоран Заев во Северна Македонија, тоа е лоша работа, коментира „Труд“, посочувајќи дека пратеничката на СДСМ Славјанка Петрова „открива голема ’тајна’ – дека главната претендентка за градоначалничката фотелја во Скопје, Данела Арсовска, има бугарско државјанство. 

Nordmazedonien Kommunalwahlen

„Бугарка вербално линчувана во Скопје“ е насловот на текстот,  посветен на случајот со кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска.

„Актуелниот градоначалник на главниот град,Петре Шилегов, кој кај нас стана познат по тоа што е антибугарин и по тоа што не обезбедува заштита од вандалите на споменикот на Гоце Делчев во Скопје, зашто тој е подарок од Бугарија, в недела ќе се соочи со независниот кандидат за градоначалник Данела Арсовска. На огромен екран зад говорницата на Петровска беше прикажан Указ за бугарско државјанство, но не на Данела Арсовска, туку на Даниела Арсовска. Дали е ова Указ за бугарско државјанство на дотичната жена, овде не станува збор. Исто така, не станува збор за тоа дека бугарското државјанство се добива со документ за бугарско потекло и, ако Данела Арсовска и Даниела Арсовска се исто лице, тоа значи дека тоа лице доставило документи за своите предци дека на времето се декларирале како Бугари’, пишува „Труд“.