1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фотографија: Petr Stojanovski

СДСМ: Изборен криминал во Куманово

ЕМФ/+инфо/телеграф/фактор
2 април 2015

СДСМ во Куманово денеска презентираше снимки од кои може наводно да се слушне како власта се обидувала да ги манипулира изборите во Куманово.

https://p.dw.com/p/1F204

Претседателот на општинската организација на СДСМ Куманово, Мартин Костовски, на денешната прес-конференција во Куманово изјави дека јавноста од презентираните снимки може да „слушне она што ние во Куманово веќе го знаевме“.

Во првиот разгвор, според него, се слуша како министерката Јанкулоска „договара на кој начин да функционира коалицијата во Куманово помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Стевчо Јакимовски, тогаш дел од Српската напредна странка“ и „како со извесен Горан од Старо Нагоричане е договарана соработка со, како што вели Јанкулоска ’некој круг на такви бандити како него’. Освен тоа, според Костовски, на снимката се слуша и како Кирил Божиновски, кој „се изразува вулгарно“ за Ромите, бара „специјална стратегија“ за нив.

Костовски рече и дека денеска презентираните разговори покажувале како министерката Јанкулоска во разговор со министерот Тодоров „потврдува дека се ветени големи суми пари во кеш, 75.000, за партијата на Драгиша Милетиќ“.

„Лично Јанкулоска ургира кај Тодоров и кај генералниот секретар на Владата и на партијата, Кирил Божиновски, да се достават овие пари што побрзо. Во следниот разговор Кирил Божиновски потврдува дека тој дал пари во кеш и тоа, внимавајте, не 75, туку 225.000, за, како што вели, помалите етнички заедници. Ќе слушнете како Јанкулоска признава дека се прават ’бандитски работи’“, потенцираше Костовски.

Претседателот на кумановските социјалдемократи, меѓу другото, рече и дека еден од разговорите кои денеска беа презентирани, се однесува на улогата на МВР пред изборите. Според него, се слуша како „Јанкулоска и Пешевски договараат како да се спречат возилата што ги користи СДСМ, да ги запре полиција и да ги прати на вонреден технички преглед“.

Според најавите, попладнево во Куманово треба да се одржи народен марш на кој треба да зборуваат и лидерот на СДСМ Зоран Заев, Радмила Шеќеринска и генералниот секретар на партијата Оливер Спасовски.

Прескокни го блокот Поврзани теми

Поврзани теми

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Фатмир Бесими, министер за финансии

Бесими: Борбата со сивата економија ќе биде бескомпромисна

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница