Светски ден на водата: Отпадните води како вреден ресурс | Свет | DW | 22.03.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Светски ден на водата: Отпадните води како вреден ресурс

На годинешниот Светски ден на водата, ОН повика на зголемување на обемот на третирање на отпадните води и нивно рециклирање, затоа што отпадните води се „есенцијална компонента во циркуларната економија“.

Во моментов „повеќе од 80% од отпадната вода во светот и повеќе од 95% во некои помалку развиени земји – се испушта во животната средина без претходно третирање на истата“, се наведува во новиот извештај на ОН, кој беше објавен денеска по повод Светскиот ден на водата.

Во извештајот е наведено дека во просек, во земјите со низок доход само 8 проценти од водата која се користи во домаќинствата и индустриската отпадна вода се третира пред да биде испуштена во околината, споредено со 70% во земјите со висок доход. Како последица, во голем број региони водата која е загадена со бактерии, нитрати и фосфати се испушта во реките и езерата – што на крајот завршува во океаните, предизвикувајќи штетни последици за животната средина и јавното здравје.

Наместо тоа, од ОН препорачуваат отпадната вода да биде третирана и повторно употребена, затоа што токму тоа може да биде „трошковно ефективен и одржлив извор на енергија, нутриенти и други нуспроизводи кои можат да се извлечат од водата, и кои може да имаат директни бенефити за прехранбената и енергетската безбедност“.

„Отпадната вода е вреден ресурс во светот во кој водата е ограничена, а побарувачката расте“, изјави Гај Рајдер, претседател на агенцијата на ОН за вода и генерален директор на Меѓународната организација на трудот (ИЛО). Тој повика на „внимателно управување и рециклирање на водата која се користи во нашите домови, фабрики, фарми и градови“.

DW.COM

Реклама