Светски ден на бакнежот: неколку факти за бакнувањето | Панорама | DW | 06.07.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Светски ден на бакнежот: неколку факти за бакнувањето

Шести јули е Светски ден на бакнежот. Но, него не го слават насекаде како во западните земји. Што треба да се знае за бакнувањето и кои се незаборавните бакнежи низ историјата?

Некои бакнежи се историски, на пример првиот бакнеж прикажан во филм. На крајот на 19 век првото бакнување на платно беше повод за обеспокојување на чуварите на моралот, но од друга страна кај луѓето предизвика толкаво љубопитство, што масовно доаѓаа на кино-проекциите.

Денес во филмовите се гледаат прегратки, бакнежи, дури и повеќе, тоа стана нормално, иако дел од луѓето сѐ уште гледаат настрана кога се бакнуваат двајца мажи или две жени.

Во светот пак постојат многу места каде и еден мал, безгрешен бакнеж може да одведе во затвор. На пример, во Дубаи, каде бакнувањето во јавност е строго забрането, исто како и во најголем дел од арапските земји како Малезија, Куала Лумпур, Индонезија. Дури и во Русија нерадо се толерираат бакнежи на јавни места. Значи, овие земји не се погодни за да се мине медениот месец.

Бројни научни студии инаку доведоа до важни сознанија во врска со размената на телесни течности: бакнувањето е добро за линијата, за здравјето, ѝ годи на кожата, како и на крвотокот. Интересно: дури и пренесувањето на штетни бактерии го јакне имунолошкиот систем. Бакнувањето предизвикува среќа преку лачењето на поголеми количества серотонин, ендорфин и адреналин. Луѓето кои повеќе се бакнуваат се поуспешни во кариерата. Внимателност е потребна меѓутоа при епидемии,- на пример во време на свинскиот грип во 2009 година во Германија се издаде забрана за бакнежи на Хеви метал фестивалот во Вакен, каде заеднички се забавуваат до 80. 000 посетители, со цел болеста да не се прошири.

Иако во Европа бакнежот само по себе се подразбира како манифестирање љубов, во многу земји тој не игра толку важна улога, некои народи го сфаќаат како одвратен, премногу еротски. Научниците дошле до заклучок - во поиндустријализираните земји бакнувањето е пораширено, за разлика од позафрлените области.

Реклама