Светскиот транспорт во криза | Свет | DW | 27.05.2009
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Светскиот транспорт во криза

Во Лајпциг се одржува Меѓународниот форум за транспорт. Тема е: „Сообраќајот и глобалната економија: предизвици и шанси во економската криза“.

default

Светски сообраќаен форум е всушност погрешен израз за она што на англиски се нарекува Меѓународен форум за транспорт, ИТФ, и од 2008 година се одржува во Лајпциг. Форумот, чиј основач е ОЕЦД (организација за економска соработка и развој) се занимава пред се‘ со транспортот во индустриските земји. Во светскиот сообраќаен форум членуваат 52 држави, и тие го користат за дискутирање на темите од сообраќајот од светско стратешко значење. Оваа година главна тема е „Сообраќајот и глобална економија: предизвици и шанси во економската криза“. На форумот не учествуваат претставници на владите, туку од траснспортните претпријатија и науката.

Како да се ублажат последиците од кризата?

Без транспорт, нема глобализација, без глобализација, нема стопанство. 52-те земји-членки и заинтересирани претставници на транспортното стопанство се собраа за да дискутураат како да се справат со светската економска

Ein Container des Hamburger Transport- und Logistikkonzerns Hapag-Lloyd TUI will zum Containerriesen aufsteigen

Транспортен центар во Хамбург

криза и како нејзините последици да бидат намалени во оваа бранша. Зашто, таа е една од првите на ударот на кризата, како што потенцира Михаел Цирпел, портпаролот на ОЕЦД за светскиот сообраќаен форум: „Кога постои економски развој, волуменот на транспортот значително се зголемува. Сообраќајот е средство за глобализацијата. Сега имаме обратен ефект, собраќајниот сектор е особено силно погоден. Додека економскиот развој ќе биде намален за четири проценти, производството за околу два, светската трговија за околу 10 проценти, сообраќајниот сектор е погоден в срце. Се очекува пад од веројатно 20 проценти, во некои области и повеќе. Само во патниот сообраќај во светот се затворени 140 илјади работни места.“

Првите два дена на Форумот се посветени на транспортното стопанство и науката, в четврток и петок ќе се активираат политичките учесници, за да ги дискутираат и претстават програмите и идеите за активно справување со кризата во транспортниот сектор. Се работи пред се‘ за индустриските земји, САД, Канада, Мексико, цела Европа, Русија и Украина, освен тоа и Индија и Австралија се членки на Форумот. Во Лајпциг се поканети и Кина и Бразил. Отсутни се Африка, земјите од Блискиот Исток, многу азиски земји, накратко, сите земји во развој.

Неодминлива тема е и екологијата

Неспорно е дека транспортот игра клучна улога не само во светската економија, туку и за екологијата. Темите екологија, промена на климата и енергетска ефикасност,

Ford Autos werden mit Barco Ford verschifft

поради актуелната економска криза, се потиснати во заднина, но глобално, браншата на транспортот е одговорна за 24 проценти од емисијата на ЦО2. Затоа овие теми се неодминливи и во економска криза, потенцира Михаел Цирпел:

„Мораме да работиме на подобри технологии, подобра ефикасност. Сметаме, на пример, дека преку натамошно усовршување на постојните технологии во областа на автомобилите до 2050 година потрошувачката, а со тоа и емисијата на ЦО2, може да биде намалена за 50 проценти. Соодветната иницијатива се нарекува „фифти-фифти“. Притоа не се работи и за натамошниот развој на електромоторите, хибридизацијата итн., туку за денеска постојните мотори на согорување со расположивите технологии и нивниот натамошен развој.“

Ова со сигурност не е она што сакаат да го чујат политичарите од индустриските нации. Во конјунктурните пакети и натаму се става акцент на индивидуалниот сообраќај, изградбата на патната мрежа и волуменот на транспорт, со фатални последици за екологијата и климата. Но, и најинтелигентниот сообраќаен систем не може да го промени фактот дека фосилните горива се одговорни за промената на климата, а за тоа е потребна промена не само во методите, туку и во количината. Затоа Михаел Цирпел предлага инвестирање во енергетски ефикасни сообраќајни системи, а во градовите поголема ориентација кон пешачки зони и користење велосипеди.

Автор: Хеле Јепесен / Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска