Светска банка со оптимистичка прогноза за светската конјунктура | Економија | DW | 05.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Светска банка со оптимистичка прогноза за светската конјунктура

Светска банка има оптимистичка прогноза за глобалната конјунктура. Благодарение на порастот во индустријата и трговијата, експертите за годинава проценуваат пораст од 2,7 проценти.

Причина за оптимизам, покрај индустријата и трговијата, даваат и зголемената доверба на пазарите и опоравувањето во делот на цените на суровините, се вели од Светска банка. Ова е првпат во последните години Светска банка да не ја намалува својата јунска прогноза во споредба со јануарската поради зголемени ризици. За 2018 и 2019 година се смета дури и со стапка на пораст од 2,9 проценти.

Македонската економија, според најновата прогноза, годинава би требало да има раст од 2,8 проценти. За наредната година се предвидува раст од 3,3%, а во 2019 година 3,8 проценти.

Сепак, за одделни региони проценките на Светска банка се променети. На пример, во еврозоната сега се очекува пораст од 1,7 проценти, додека во јануари проценката беше за 0,2 проценти помала. За Јапонија проценката е зголемена за дури 0,6% и сега се смета со стапка на пораст од 1,5%. Светска банка соопшти дека порастот ќе биде поттикнат од извозот и ултралабавата финансиска политика. Што се однесува до САД, прогнозата е намалена за 0,1% и изнесува 2,1 проценти.

Највисок економски раст во регионот на западен Балкан годинава ќе има Косово - 3,9 отсто. Се прогнозира дека Албанија ќе има економски раст од 3,5 проценти, БиХ 3,2 проценти, Црна Гора 3,3 проценти, Србија 3 проценти и Хрватска 2,9 отсто.

Jim Yong Kim (picture alliance/AP Images/AP Photo/C. Kaster)

Џим Јонг Ким смета дека опоравувањето на светскката конјунктура треба да се искористи за реформи

Претседателот на Светска банка Џим Јонг Ким оцени дека глобалната конјунктура доживува благо, но реално опоравување. Тоа треба да се искористи за реформи, за со помош на приватни инвеститори да може и долгорочно да се оствари пораст.

 

Реклама