Светска банка: Преполовена економската моќ на Украина | Економија | DW | 11.04.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Светска банка: Преполовена економската моќ на Украина

Економските последици на војната за Украина ќе бидат драматични, прогнозира Светската банка. Но, економијата слабее и во Русија и во други земји во регионот.

Последица на руската инвазија врз Украина и војната ќе биде преполовување на економскиот учинок на земјата, прогнозира Светската банка - БДП во споредба со претходната година ќе биде помал за 45 %.

Но, Светската банка истакнува дека „димензијата на  економскиот пад  ќе зависи од траењето и интензитетот на војната“. Во јануари, пред војната, Светската банка предвидуваше економски пораст од 3 % за  Украина.

„Домашната потрошувачка колабира, продавниците затвораат, производната инфраструктура е уништена во голем дел. Околу 50 % од украинскиот извоз порано се одвиваше преку Црно Море, сега тоа е речиси невозможно“, образложува Ана Бјерде, заменик претседател на Светската банка, задолжена за Европа и Азија, во разговор за Дојче веле. Посебен отежнувачки факт е тоа што борбите се водат во регион кој инаку придонесува за половина од БДП на земјата. Драстично погодено е земјоделското производство на Украина, важна стопанска гранка, а се очекува последиците од војната со години да го оптоваруваат економскиот потенцијал на земјата.

Русите во очајна потрага по странски валути

И Русија доживува економски пад

Руската економија пак, соочена со досега невидени санкции од Западот, според Светска банка оваа година ќе забележи намалување од 11 %. Ќе опаѓа  домашната побарувачка,  зашто постои загуба на работни места, примањата се намалуваат, сиромаштијата, инфлацијата и прекините на синџирите за снабдување се зголемуваат, образложува Светска банка, која во јануари прогнозираше минимален економски раст за  Русија.

Страда целиот регион

Засегнати од војната се и економиите во други држави во регионот, меѓу кои Белорусија, Молдавија, Киргистан и Таџикистан. Трговските текови се во прекин или уништени, а граѓаните на овие земји, кои живеат во Русија, смеат да испраќаат само мали суми пари на своите семејства во татковините. Ваквите дознаки инаку се важни, на пример во Киргистан и Таџикистан тие изнесуваат речиси 30 % од економскиот учинок. Земјите од регионот се зависни и од увозот на жито – голем дел од него покриваат од Русија и Украина. Во целина, земјите во засилен и земјите во развој во регионот на Европа и Централна Азија годинава ќе забележат пад на стопанството од 4,1 %, предвидува Светска банка. Тоа е двојно полошо од предизвиканата рецесија од пандемијата на коронавирус во 2020 година.