Светска Банка: Охрабрувачки прогнози за растот во Македонија | Економија | DW | 16.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Светска Банка: Охрабрувачки прогнози за растот во Македонија

По забавувањето во 2017 година условено од долгата политичка криза, економскиот раст во Македонија ќе се искачи до просечно 3,5% во 2018 и 2019, прогнозира Светска банка во годишниот извештај за Западен Балкан.

По пролонгираната политичка криза, економскиот раст во Македонија е проектирано да падне 1,5 проценти во 2017 година, но потоа да би требало да земе залет до просечни 3,5 проценти за наредните две години, благодарение на опоравувањето на инвестициите и потрошувачката, предвидува Светска Банка. Во годишниот извештај за земјите од Западен Балкан, објавен денеска,во делот на Македонија се наведува дека економските изгледи за Македонија се позитивни со предвиден раст за 2018 година од 3,2 проценти и во 2019 од 3,9 проценти. Главни двигатели на овој раст би требало да видат приватната потрошувачка, поттикната од растечката вработеност, заздравувањето на инвестициските процеси и изградбата на два автопата во земјата.

Со окончувањето на политичката криза, според Светска банка сега главен ризик за македонската економија е состојбата со буџетот, која би можела да ја загрози макроекономската стабилност и да ги поткопа изгледите за раст. Притисокот доаѓа од високиот буџетски дефицит, кој во 2017 е проектиран на 3 проценти а се очекува да се движи околу оваа бројка и во наредните две години. дефицитот е последица на нискте приходи, растечкиот дефицит во пезискиот систем и повисоките исплати на камати.

Светска банка смета дека издржана програма за фискална консолидација ќе помогне да се стабилизира јавниот долг и да се создадат фискални одбрани од шокови.

Економскиот раст на Западен Балкан во 2017 година ќе биде 2,6 отсто, во наредната година 3,3 насто, додека во 2019  ќе изнесува 3,6 отсто, се наведува во годишниот извештај на Светска банка претставен денеска.

Свтската банка наведе дека инвестициите годинава поттикнале значаен раст во Албанија, на Косово и во Црна Гора, додека потрошувачката донела стабилен раст во БиХ, а растот покрај во Македонија бил забавен и во Србија, пред сѐ поради тешката зима. 

Во земјите од Западен Балкан, како што е истакнато, во првата половина на годинава отворени се 230.000 работни места, што е пораст од 3,8 насто во однос на истиот период минатата година, и еднаква состојбата пред избувнувањето на светската криза во 2008 година. И во однос на Македонија, Светска банка констатира раст на вработувањата и намалување на невработеноста до 22,8 проценти. Сепак се констатира дека и натаму останува висока невработеноста кај младите со 46 проценти. 

DW.COM

Реклама