Светот се простува од Шимон Перес | Свет | DW | 30.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Светот се простува од Шимон Перес

Бројни светски лидери дојдоа на погребот на поранешниот израелски државник Шимон Перес во Ерусалим. Настанот го обезбедуваат 7.500 полицајци. Перес почина неделава во 93. година од животот.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон рече дека Шимон Перес бил „сонувач“. Говорејќи на погребот на Перес, Клинтон рече дека „неговите критичари често го нарекувале наивен, премногу оптимистичен сонувач. Тие грешеа само во делот на наивноста“, рече Клинтон. 

Гледај видео 01:40
Now live
01:40 минути

Светските лидери на погребот на Шимон Перес

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека собирот на светските лидери е тестамент за неговиот оптимизам, потрага по мир и љубов кон Израел. „Тој беше големиот човек на Израел. Тој беше голем човек на светот. Израел тагува по него. Светот тагува по него“, рече Нетанјаху. 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама