Светот на „две минути“ до Судниот ден | Свет | DW | 26.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Светот на „две минути“ до Судниот ден

Билтенот на нуклеарните научници го помести часовникот за 30 секунди поблиску до полноќ втора година по ред, алармирајќи на тој начин дека светот е уште поблиску до катастрофа.

Часовникот не бил толку блиску до полноќ од 1953 година, годината кога САД и Советскиот сојуз направија големи исчекори во развојот на нуклеарното оружје.

Групата научници кои стојат зад проектот со симболичниот часовник, минатата година ги приближија стрелките на часовникот на 2:30 минути до полноќ, а годинава за дополнителни 30 секунди. Секое приближување до полноќ имплицира чекор поблиску до апокалипса, предупредуваат од групата.

Часовникот е метафора за тоа колку е блиску човештвото до уништување на планетата.

„Да се нарече нуклеарната состојба во светот страшна ќе биде потценување на опасноста и нејзината итност“, изјави Рејчел Бронс, претседателка на групата. Таа ги наведува „недостатокот на предвидливост во размислувањето за иднината во САД и идното користење на нуклеарното оружје, непредвидливост која е отелотворена во изјавите и твитовите на американскиот претседател“.

Меѓу другите проблеми се наведуваат: недостатокот на преговори за зголемување на контролата врз оружјето и нуклеарната непролиферација; нуклеарните тестови на Северна Кореја; ставот на Русија кон нуклеарното оружје; и зголемената посветеност кон нуклеарно оружје во Пакистан, Индија и Кина.

Научниците го повикуваат Трамп да „се откаже од провокативната реторика кон Северна Кореја“, вели професорката на Џорџ Вашингтон универзитет Шерон Скасони. 

USA Washington Doomsday Clock 22.01.2015 (Win McNamee/Getty Images)

Најдалеку од „Судниот ден“ часовникот беше во 1991 година, на 17 минути пред полноќ.

Опасност од климатските промени и вештачката интелигенција

Часовникот на Судниот ден за првпат се појави во 1947 година, како графичка насловна страница на списанието на атомските научници. Тогаш часовникот покажуваше седум минути до полноќ. Последниве години, научната групација започна да ги признава и заканите од климатските промени и новите технологии како вештачката интелигенција.

Најдалеку од „судниот ден“ часовникот беше во 1991 година, на 17 минути пред полноќ.

Роберт Роснер, претседател на научниот и безбедносниот панел на групата, вели дека ризикот од „намерна или како резултат на погрешна проценка“ употреба на нуклеарно оружје дополнително е пораснат последниве години.

Билтенот беше основан од научниците кои ја направија првата атомска бомба на САД- учесници во ткн. Менхетен проект. Во бордот на Билтенот се вклучени и 15 добитници на Нобеловата награда.

 

Реклама