Кога станува збор за политиката, повеќето Европејци сметаат дека разликата меѓу САД и Европа е слична на разликите меѓу европскиот и американскиот фудбал. Како и американскиот фудбал, американската демократија е игра на инсајдери. Изборниот систем во кој кандидатот кој ќе ги изгуби гласовите на народот, сепак, лесно може да влезе во Белата куќа можеби има смисла за повеќето Американци, но не и за било кој друг. Но, независно од разликите некои лекции од американските избори се релевантни за Европа.
Во театарската претстава Џамперс од 1972, британскиот автор Том Стопард вели: „Не е гласањето демократија, туку броењето”. Годинешните избори во САД докажаа дека бил во право.
Демократијата во суштината е систем каде губитникот со прифаќање на поразот го легитимира изборниот резултат.
Американскиот претседател Доналд Трамп со нападот врз аспектот на фер избори не само што го уништува угледот на Америка, туку и го трасира патот за она што ќе следи - оспорувани изборни резултати не само во, туку и надвор од САД.
Демократијата не штити од поделби
За политичките активисти во поделени држави, најголема егзистенцијална закана за демократијата не е кршењето на востановените правила, туку победата на друга партија. И многумина стануваат сѐ повеќе подготвени да пуштат сѐ низ вода, отколку да дозволат контрахентот да дојде на власт. Во таква средина независни институции како судовите, централните банки или слободните медиуми се под ризик да бидат политички нападнати.
Иван Крастев, автор на колумната
Американските избори нѐ предупредуваат дека шокот и загубите предизвикани од корона кризата дури и во најпогодените општества од пандемијата веројатно уште повеќе ќе ги зајакнат постоечките поделби наместо да придонесат за поголемо национално единство и колективна цел.
Повеќе:
-Избори во САД: (не)признаен пораз
-Џо Бајден: Нов претседател, но не и победник над омразата
-Избори во САД: Може ли судовите да го направат Трамп победник?
Анализа на АП открива дека во 376 окрузи со најголем број на нови случаи по глава на жител, најголемиот дел - 93% - гласале за Трамп.
Европејците настаните во САД треба да ги сфатат како предупредување: ако се пролонгира локдаунот и се затвораат бизнисите, нашите општества би можеле да почнат да заличуваат на експлозивниот хаос во САД, на кој сме сведоци.
Додека демократијата често се фали заради својството да надминува разлики во модерните општества, американското искуство од изминатите четири години покажа дека демократските политики може да зацврстат и интензивираат такви разлики. Изборите го извадија на виделина фактот дека Демократите и Републиканците не се само две политички партии, туку две различни земји во меѓусебна изборна војна. А, таа политичка војна нема да заврши со поразот на Трамп.
-
Изборите во САД низ карикатури
Претседателска тепачка во кал
Што се случи по ѓаволите со културната политичка дебата во САД? - се прашува чешкиот карикатурист Маријан Каменски заедно со остатокот од светот. Првата конфронтација на ТВ меѓу противниците за функцијата претседател дегенерираше како во тепачка во кал. Наместо да се служат со аргументи, тие се навредуваа меѓусебно.
-
Изборите во САД низ карикатури
„Валкани тактики“ и тежок терен
Kандидатката за потпретседателка на САД на Демократската партија, Камала Харис, спомена „валкани тактики“ на сегашниот претседател. Демократите се чувствуваат дека се движат по тежок терен, смета и германскиот карикатурист Јенс Крике. Доналд Трамп се чини дека не се грижи за тоа, тој изгледа дистациран, како злобна вештерка од бајка.
-
Изборите во САД низ карикатури
Фалбаџиска пропаганда
Овој претседател обожава суперлативи, тој тврди: „Јас сум најмалку расистичката личност што некогаш сте ја виделе.“ „Никој нема поголема почит кон жените од мене.“ „Јас разбирам повеќе за парите од другите“. И, се разбира, САД никогаш немале подобар претседател. Но, во овој скеч на Мартин Ерл, Трамп го фали фотографот како „еден од најдобрите во светот“.
-
Изборите во САД низ карикатури
„Заспаниот Џо“ и „Кловнот“
Бајден е „заспан старец“ и „марионета на радикалната левица“, вели Трамп, Бајден пак, го Трамп критикува Трамо расист, лажго, кловн и „најлошиот претседател кој Америка некогаш имала“. Италијанскиот уметник Кристи ги сведе овие препукувања во една карикатура.
-
Изборите во САД низ карикатури
Инфантилно однесување
И луѓето во Африка се зачудени од недржавничкото однесување на Трамп. Карикатуристот Дамиен Глез од Буркина Фасо го гледа претседателот како мал неранимајко, кој сака да биде по негово без оглед на цената. Она што не одговара, со сила ќе биде направено да одговара. Со надеж е дека не е удира по нуклеарното копче.
-
Изборите во САД низ карикатури
Трампѕила
Првиот јапонски филм „Гоѕила“ се појави на екраните во 1954 година. Каде и да помине огромниот гуштер остава пустош. Карикатуристот Такеши Кишино очигледно е развивањето на агресивниот претседател на САД во огромното чудовиште Гоѕила. Може ли Џо Бајден да има шанси против оваа Трампѕила?
-
Изборите во САД низ карикатури
Алфа мажите се држат заедно
Доналд Трамп ужива во друштво на лидери кои не се многу загрижени за демократските норми: Путин, Ердоган и севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун. Холандскиот карикатурист Тјерд Ројардс смета дека заедничко на овие политичари е архетипското ривалско однесување на самонаречени алфа-мажи. Трамп, од друга страна, го нарекува Џо Бајден „слаб старец“, односно за него тој е несериозен противник.
-
Изборите во САД низ карикатури
Не ги викајте преселувачите
Трамп повеќепати јасно стави до знаење дека сака да остане во Белата куќа. Доколку ги загуби изборите, тој досега експлицитно не се согласил на мирна транзиција, велејќи само: „Па, ќе видиме што ќе се случи.“ Тој веќе ја повика својата база да протестира доколку не биде реизбран. Но, што ако Бајден стане претседател?
-
Изборите во САД низ карикатури
Стабилна династија
Трамп, исто така, го доведе во прашање американскиот устав со кој се забранува трет мандат. Дали размислува за доживотно претседателство? Целото семејство често се појавува на митинзите за кампањата, вклучувајќи го и најмладиот син, Барон, што можеби ја поттикна визијата на германската карикатуристка Кристијане Фолман за раѓањето на монархија во САД.T
Автор: Сузане Кордс
Демографијата може да биде судбина
Европејците може да учат од американското искуство дека во политиката демографијата често пати е судбина. Бројките се важни. Кога бројките се менуваат, се менува и власта. Демократскиот наратив долго инсистираше на тоа дека изборната победа се базира на промената на мислењето на гласачите. Но, власта може да падне и со промена на гласачкото тело.
Тоа се случува кога нова генерација со силни колективни преференци доаѓа на возраст за гласање, како што беше во западните земји во 60тите и 70тите. Може да се појави и кога значајна група нови гласачи ќе се приклучат во политиката и ќе и дадат нов облик. Тоа се случувало во многу земји кога се воведувало универзално право на глас или како последица на миграција на голем број народ.
Промената на демографскиот микс во земји како Аризона или Џорџија повеќе го објаснува импресивниот успех на Бајден, отколку некаква си промена во размислувањата на гласачите.
Па така, не е изненадување дека многу од домашните партии растечкиот број мигранти во нивните земји не го гледаат само како економска или културолошка закана, туку и политичка.
-
Буш, Обама, Трамп - ќе биде ли Бајден четвртиот претседател на САД во мандатот на Меркел?
Прилично студено
Иран, трговијата, НАТО - во многу теми Меркел и Трамп далеку се разијдуваат. Не само политички, туку и во меѓусебната лична врска се чини владее тензија. Трамп во една прилика ја нарекол Меркел „глупава“. И на оваа средба на маргините на НАТО-самитот на крајот на 2019 година не се гледа големо пријателство.
-
Буш, Обама, Трамп - ќе биде ли Бајден четвртиот претседател на САД во мандатот на Меркел?
Кој е овде шеф?
Меркел и Трамп на самитот на Г7 во Канада во јуни 2018 година. Оваа фотографија предизвика насекаде општи дискусии: се обидува ли Меркел да му го објасни светот? Дали е таа вистинската лидерка на западниот свет? Или овде тој е шефот - како единствен кој седи?
-
Буш, Обама, Трамп - ќе биде ли Бајден четвртиот претседател на САД во мандатот на Меркел?
Ќе се ракуваме ли?
Канцеларката постави пријателско прашање при нејзината прва посета кај Доналд Трамп во Белата куќа во март 2017 година. Но нејзиниот домаќин не реагираше, демонстративно гледаше на друга страна. Подоцна тврдеше дека не го чул прашањето. Меркел можеби се надева при следната посета во Вашингтон да се сретне со друг претседател.
-
Буш, Обама, Трамп - ќе биде ли Бајден четвртиот претседател на САД во мандатот на Меркел?
На крајот се приближија
Канцеларката и Барак Обама изгледаа прилично блиски при неговата последна посета како претседател на САД во Берлин. Во ноември 2016 година - неколку дена по изборот на Доналд Трамп за негов наследник, се чини дека Обама сакаше да и ја предаде на Ангела Меркел одговорноста за западната демократија. Американските медиуми пишуваа дека таа е сега предводник на слободниот свет.
-
Буш, Обама, Трамп - ќе биде ли Бајден четвртиот претседател на САД во мандатот на Меркел?
Највисоко признание
Во вечерен фустан, Меркел во јуни 2011 година од претседателот Барак Обама во Белата куќа го прими највисокото цивилно одликување на САД - медал за мир. Признанието таа го доби за својот ангажман во европската политика. Аналитичарите го толкуваа одликувањето и како доказ за добрите германско-американски односи.
-
Буш, Обама, Трамп - ќе биде ли Бајден четвртиот претседател на САД во мандатот на Меркел?
На гости кај пријатели
На самитот на Г7 во јуни 2015 година во баварските Алпи, се насетуваше речиси пријателско однос меѓу Обама и Меркел. Канцеларката во борбата против промената на климата можеше да се потпре врз американска поддршка. Со доаѓањето на Трамп тоа драстично се промени.
-
Буш, Обама, Трамп - ќе биде ли Бајден четвртиот претседател на САД во мандатот на Меркел?
Дај ми рака, другарче!
Претходникот на Обама, американскиот претседател Џорџ Буш, уште по првата средба беше воодушевен од слободарството на Ангела Меркел, кое тој го објасни со нејзиното минато во Германската Демократска Република. На самитот на Г7 во Санкт Петербург во јули 2006 година тој посегна од зад неа да и го масира вратот, а канцеларката преплашена ги дигна рацете. Гестот на Буш очигледно беше добронамерен.
-
Буш, Обама, Трамп - ќе биде ли Бајден четвртиот претседател на САД во мандатот на Меркел?
Домашна скара
Џорџ Буш во јули 2006 година беше видно задоволен да и стави месо од скара на чинијата на Ангела Меркел. Прасенцето беше печено на ражен во изборниот округ на Ангела Меркел, на брегот во покраината Мекленбург-Предна Померанија. каде го пречека гостинот од САД.
-
Буш, Обама, Трамп - ќе биде ли Бајден четвртиот претседател на САД во мандатот на Меркел?
Ќе те одведам во Тексас
Во 2007 година Ангела Меркел го посети Џорџ Буш на неговиот ранч во Крафорд, Тексас. Во теренско возило од американско производство Буш изигруваше шофер за Меркел и нејзиниот сопруг Јоахим Зауер. Уште тогаш почнуваа вриења околу една тема - ситуацијата во врска со Иран, која повторно зовре за време на Трамп.
-
Буш, Обама, Трамп - ќе биде ли Бајден четвртиот претседател на САД во мандатот на Меркел?
Рака во рака со Бил Клинтон
На комеморацијата за Хелмут Кол во јули 2007 година американскиот екс-претседател Бил Клинтон држеше хумористично-меланхоличен говор за починатиот германски канцелар. „Го сакав“, изјави Клинтон. Кога видно потресен, повторно се врати на седиштето, тој посегна по раката на Ангела Меркел.
-
Буш, Обама, Трамп - ќе биде ли Бајден четвртиот претседател на САД во мандатот на Меркел?
Насмеј се малку!
Ноември 2009 година: Меркел само што одржа говор пред Конгресот во САД во Вашингтон. Додека сеуште траеше аплаузот, тогашниот вице претседател Џо Бајден ја забавуваше Меркел со досетки. Доколку Бајден стане претседател, се надеваат некои, можно е германско-американското пријателство повторно да заживее. Барем на политичко рамниште разбирањето со него за Меркел би било полесно отколку со Трамп
Автор: Петер Хиле, Андреа Грунау
Етничките мнозинства кои се плашат дека ќе станат малцинства во сопствените земји ќе останат најмоќен извор за поддршка на домашните популисти како во САД, така и во Европа.
Европскиот парламентаризам е институционално подобро позициониран да се одбрани од екстремна политичка поларизација, но полскиот пример покажува дека не е по секоја цена и кредибилна одбрана од неа. Европските демократии ќе се инфицираат од поларизацијата во американски стил доколку не најдеме начин да ги премостиме растечккот јаз меѓу урбани и рурални области, оние кои имаат и оние кои немаат академско образование и меѓу политичките преференци на младите и старите генерации.
Светот пред Трамп веќе го нема
Американското искуство можеби сугерира дека новите прогресивни генерации, од кои големото мнозинство гласаа за Џо Бајден, би можеле да се ослободат од популистичкото јаже врзано околу вратот на општеството. Но, кога е во прашање политичкото ветување на помладите генерации Европејаци треба да бидат внимателни во целост да го преземат американскиот сон.
Во Европа лицата помлади од 30 години претставуваат многу помал дел од населението отколку во САД. Неодамнешна студија на Центарот за иднината на демократијата при Универзитетот Кембриџ покажува дека насекаде во светот помладите генерации се сѐ помалку задоволни со демократијата, не само во апсолутна смисла, туку и споредено со постари групи во споредбени фази од животот. И фактот што некој гласал за Бајден не значи дека е имун на магијата на популистичко групирање, особено ако доаѓа од левицата.
-
Овластувањата на најмоќниот државник во светот
Така вели Уставот...
Претседателскиот мандат во САД трае четири години, а претседателот може да биде реизбран само еднаш. Тој е шеф на државата и шеф на владата, односно управува со извршната власт. Задача на претседателот е да ги спроведува законите изгласани од Конгресот. Претседателот како највисок дипломат може да прима странски амбасадори и на тој начин да признава држави.
-
Овластувањата на најмоќниот државник во светот
Кој кого контролира?
Трите власти - законодавната, извршната и судската - се поделени и се контролираат меѓусебно. Претседателот има право да помилува осуденици и да ги назначува федералните судии, министрите во кабинетите и амбасадорите на САД - но само со согласност на Сенатот. Ова е еден од механизмите со кои законодавната власт ги контролира активностите на извршната власт.
-
Овластувањата на најмоќниот државник во светот
„State of the Union“
Американскиот претседател е должен редовно да го информира Конгресот за состојбата на државата. Тоа го прави ова во годишниот „говор за состојбата на нацијата“ („State of the Union“). Претседателот нема право да предлага закони на Конгресот, но за време на говорот може да наведе своите теми и приоритети. Со тоа тој може јавно да врши притисок врз Конгресот. Но, ништо повеќе од тоа.
-
Овластувањата на најмоќниот државник во светот
Претседателско вето
Претседателот може да одбие да потпише закон донесен од Конгресот и тоа всушност неговото право на вето. Конгресот може да го отфрли претседателското вето само доколку обезбеди двотретинско мнозинство во двата дома на парламентот. Во историјата на САД се познати 1.500 случаи на претседателски вета. Од нив, само 111 (7%), биле успешно надгласани.
-
Овластувањата на најмоќниот државник во светот
Сива зона
Уставот на САД и одлуките на Врховниот суд не даваат јасна слика за тоа колкава моќ има претседателот. Всушност, претседателот има право на уште еден вид вето, познато како "џебно вето". Под одредени услови, претседателот може одреден закон да со „стави во торба“ и со тоа тој станува неважечки. Овој тип на вето не може да биде надгласано во Конгресот. Овој трик бил користен скоро 1.000 пати.
-
Овластувањата на најмоќниот државник во светот
Наредби со сила на закон
Претседателот на САД на членовите на владата може да им наметне одреден начин на однесување. Тој издава препораки, т.н „извршни наредби“ (Executive Orders), имаат сила на закон. Сепак, тоа не значи дека на претседателот сè му е дозволено: судовите можат да ги поништат наредбите, Конгресот - да ги сопре со соодветни контра закони, а следниот претседател може да ги укине.
-
Овластувањата на најмоќниот државник во светот
Конгрес...
Претседателот има право да склучува договори со странски влади, кои потоа треба да бидат одобрени со мнозинство во Сенатот. Ова може да се избегне, ако наместо договор претседателот склучи еден вид меѓувладин договор т.е. „извршен договор“ (Executive Agreement). Ваквите договори се валидни се додека Конгресот не ги оспори или не ги укине со закон.
-
Овластувањата на најмоќниот државник во светот
Кој може да објави војна?
Претседателот е врховен командант на вооружените сили на САД, но војна може да објавува само Конгресот. Сепак не е многу јасно колку војска смее да испраќа претседателот во вооружените конфликти без одобрение на Конгресот. По војната во Виетнам, Конгресот го усвои следново правило: претседателот може да ги користи надлежностите се додека Конгресот не ги оспори.
-
Овластувањата на најмоќниот државник во светот
Ултимативна контрола
Ако претседателот ги надмине или злоупотреби овластувањата или изврши кривично дело, Претставничкиот дом, против него може да отпочне процедура за отстранување од должноста. Досега имало два такви обиди, но и двата завршиле несупешно. Сепак, постои многу ефикасен инструмент за да се сопре претседателското самоволие: тоа намалувањето на буџетот – што е во надлежност на Конгресот.
Автор: Ута Штајнвер
Ќе треба уште малку време официјално да се има црно на бело кој е следниот американски претседател и веројатно ќе фати средината на јануари следната година додека да дознаеме кој ќе го контролира Сенатот. Но, дури и во најоптимистичкото сценарио Европејците ќе згрешат ако се потпираат врз САД како многу децении досега. Фактот дека Демократ се враќа во Белата куќа не значи дека и светот каков што беше пред Трамп е вратен назад.
Европејците имаа основани причини да страхуваат дека уништувањето на ЕУ беше на агендата на Трамп за следниот мандат. Тој ризик очигледно го нема, но би било погрешно Европејците да чекаат Бајден да им каже што сака од нив. Време е за Европа да оди во Вашингтон и да претстави визија за иднито трансатлантско партнерство базирано на променета реалност од обете страни на Атлантикот.
Иван Крастев е претседател на Центарот за либерални стратегии во Софија, Бугарија, и постојан соработник на Институтот за хумани науки во Виена.