Сајбер војната против Телеком беше само почеток | Економија | DW | 30.11.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Сајбер војната против Телеком беше само почеток

Криминалците на интернет не се новина. Со напредувањето на дигитализацијата, се зголемуваат и криминалните дела на интернет, а целите на напади се сѐ побројни

Без интернет, без интернетска телевизија, без електронска пошта, без фиксна телефонска врска - во неделата попладнето и понеделникот утрото (27/28.11.2016) речиси еден милион корисници на Телеком станаа жртва на проблеми со мрежата. Во меѓувреме станува сѐ појасно: непознати хакери извршиле напад врз рутерите на муштериите на Телеком.

Безбедносните аналитичари тврдат дека хакерите очигледно користеле проширена верзија на штетниот софтвер Мираи за да преземат контрола врз апаратите и да ја активираат малициозната програма. „Целта била создавање нова мрежа од ботови, нова компјутерска мрежа, но нападот очигледно функционирал само кај одреден тип рутер, иако биле предизвикани пречки и кај други видови“, велат експертите.

Телеком наведува дека штетниот софтвер бил лошо програмиран: „Тој не функционираше и не го предизвика она што била намерата. Во спротивно, последиците од нападот би биле многу полоши.“ Мираи е штетен софтвер кој во меѓувреме може да се најде бесплатно на интернет.

Хакерите изгледа работат на нова мрежа од ботови

Оваа нова мрежа од ботови чека на команди од хакерите и може на пример да биде употребена за блокирачки напади врз мрежната инфраструктура. Напад на Мираи врз американската услужна мрежа Dyn на почетокот на октомври предизвика проблеми од светски опсег. Се чини дека хакерите работат моментно на нова мрежа од ботови.

Сојузната служба за безбедност во информациската техника на Германија, БСИ, нападот го класифицира во светски рамки и врз одредени рутери. „Нападите се регистрирани и во владината мрежакоја ние ја обезбедуваме, па така тие тука останаа сосема без ефект“, појаснува БСИ. И во Телеком се убедени дека нападите имале глобален карактер. „Од инфицираните рутери во идните месеци може да се очекуваат нови напади, кои од интернет можат да исфрлат цели компјутерски системи“, вели Томас Черсич, раководителот на Одделот за безбедност во Телеком.

Осигурувањето на рутерите е енормно важно. Ако биде ивршена манипулација на рутер или негово преземање, тој на пример може да ги шпионира или да ги манипулира комуникациските податоци на  корисникот, инфраструктурата на корисникот да ја претвори во дел од мрежа од ботови или на сметка на корисникот да води скапи разговори. 

Нов квалитет на опасност

Арне Шенбом, претседател на БСИ, одамна стравува. „Во извештајот за состојбата на ИТ-безбедноста во Германија, поднесен на 9 ноември, посебно укажавме на опасностите од хакерски напади врз т.н. критични инфраструктури“, вели тој. Тој зборува за нов квалитет на загрозување. „Растечката дигитализација и вмрежување, четвртата индустриска револуција или смарт апаратите на сајбер-напаѓачите им нудат речиси секојдневно нови цели за напади и опсежни можности за шпионирање информации, саботирање деловни и управни процеси или криминално богатење на сметка на трети лица.“

Во извештајот стои дека дневно се откриваат по 380.000 штетни софтвери, бројот на спем пораки со малициозен софтвер експлозивно расте, за 1270 проценти. Истовремено класичните одбранбени мерки губат на ефикасност. Во фокусот на нападите се претпријатијатаи критичните инфраструктури, како и управата, научните установи и граѓаните.

Екстремно важни области

Критични структури според германското Министерство за внатрешни работи се „институциите важни за државното функционирање, при чие испаѓање или делумно онеспособување настануваат трајно влијаечки последици во снабдувањето, значителни пореметувања во јавната безбедност или други драматични последици.“ Покрај секторите енергетика и здравство, тука спаѓаат и информациската техника и телекомуникациите, како и снабдувањето со вода.

Актуелно е прашањето и од аспект на граѓаните. Зошто тие своите гаражни врати, парното греење, апаратите во домаќинството би ги управувале преку интернет, ако постои опасност и ако смарт-домот недоволно или воопшто не е безбеден против напади? БСИ на граѓаните преку  www.bsi-fuer-buerger.de им нуди специјална понуда за итни случаи преку телефонска линија (0800 274 1000 која функционира од понеделник до петок од  8:00 bis 18:00 часот. Тука можат да се добијат совети на лесно разбирлив јазик и за технички лаици.

 LINK: http://www.dw.com/a-36568666

DW.COM

Реклама